Недостигот на железо во крвта можеби не е здравствен проблем поради коj нема да можете да спиете или поради кој ќе се ,,влечете,, по болници, но дефинитивно може да ви го отежне животот и да го направи помалку пријатен. Здравствените стручњаци сметаат дека најмалку 9% од жените во светот патат од овој проблем, a тоа ги вклучува и физички активните луѓе кои генерално се грижат за своето здравје. Многу често проблемот се открива дури кога ќе се поjават тегоби и иако тоа е значи дека е предоцна за терапија, проблемите со недостиг на железо можат да го отежнат секојдневното функционирање.

Ова се 10 знаци кои ви кажуваат дека треба итно да го проверите нивото на железо во крвта.

 

Замор

 

Прв и најочигледен меѓу симптомите за недотиг на железо е – заморот. Поради негов недостиг телото потешко произведува хемоглобин, кој го пренесува кислородот до клетките во телото, па поради тоа може да се чувствува хроничен замор од кој никако не можете да се ослободите, колку и да се одморате.

 

Деконцентрација

 

Ниското ниво на железо во крвта може да ја попречува работата на нервниот систем, па затоа болниот може да искуси потешкотии во концентрацијата и недостиг на внимание.

 

Губење интерес

 

Иако ова не е еден од примарните симптоми, може да се појави заедно со проблемите со концентрацијата.

 

Задишаност

 

Недостигот на кислород во клетките телото го компензира со забрзано дишење и краток здив, што може да резултира со тоа болниот тешко да доаѓа до здив.

 

 

Бледило

 

Иако овој симптом многу зависи од самиот тен и природата на бојата на кожата, кај некои луѓе недостигот на железо може да се манифестира со блед тен.

 

Проблеми со вежбање

 

Ако одеднаш ви е тешко да ги вршите вообичаените, секојдневни вежби, телото со тоа може да ви кажува дека недостига железо во крвта.

 

Болка во мускулите

 

Мускулфибер е нормална појава по квалитетно вежбање, но ако ве мачи силна и невообичаена болка, тогаш проблемот може да биде во железото. Тој им е потребен на мускулите за нормално да закрепнат.

 

Кршливи нокти

 

Поради недостигот на железо во крвта, ноктите можат да станат покршливи од вообичаено, а во  коренот ќе се појават бели дамки во облик на полумесечинки, кои исто така може да бидат индикатор за истиот проблем.

 

Чести настинки

 

Последиците од недостиг на железо може да биде и пад на имунитетот и подложност на болести и инфекции.

 

Промени во бојата на урината

 

Ова е симптом кој веднаш ќе го забележите. Иако на бојата на урината може да влијаат и некои намирници, како што е на пример цвеклото. Оние со пониско ниво на железо во крвта имаат црвена урина.

 

Тагови: анемиа
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина