Состојки:

 

  • 2 филџани овесни снегулки
  • 3 јаболки (или 4, по желба)
  • 1 филџан млеко од бадеми
  • 1/4 филџан вода
  • 1 лажичка есктракт од ванила
  •  1/2 лажичка цимет
  •  1 лажица прашок за печиво
  • 1/4 филџан путер од кикиритки
  • прстофат сол
  • агава сируп (по желба, ако сакате многу слатки колачи)

 

Подготовка:

 

Во голем сад измешајте ги овесните снегулки и сите суви состојки. Додадете им ги млекото и водата и добро измешајте. Јаболките исечете ги на коцки (не треба да се лупат) и додадете ги во оваа смеса. Добиената смеса ставете ја во садот за печење и одозгора прелијте со путерот од кикиритки. Печете околу 30 минути на 180 степени Целзиусови.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина