Медитацијата е облик на духовно вежбање каде оној кој медитира своето внимание систематски и планирано ја насочува кон одредена содржина, а најчесто се поврзува со контемплативните пракси, кои потекнуваат од источните религии. Она што се истакнува како најголема предност на медитирањето е внатрешниот мир, контролата на емоциите, полесно постигнување на фокусираност на работата и на некои други активности, намалување на влијанието од стресот или полесно носење со него, подобра концентрираност. Но, она кое многумина го истакнуваат е и подоброто запознавање на сопствениот начин на функционирање и контролирањето на сопствените постапки, но и разбирање на некои модели и реакции.

Од каде да се започне?

Постои цела низа од едноставни упатства како да се почне да се применува медитацијата како дел од секојдневната рутина. Наменети се за почетници, но се темел на секое квалитетно занимавање со медитацијата.

Седнете на мир две минути

Наизглед е едноставно, но многумина не можат две минути да седат сосема мирно. Седнете, пронајдете удобна положба, седете мирно и мирно дишите. Неделно одвојте по две минути дневно и само седете мирно. По една недела зголемете го времето на 4 минути. Зголемувајте го времето додека не стигнете време од 8 минути, што е одличен резултат.

Многу е едноставно да се кажесекој ден ќе медитирам“, но оваа одлука многу брзо се заборава и почнуваат да се прескокнвуаат деновите. Успехот во медитацијата, како и способноста и извежбаноста за опуштање, зависи и од редовноста. За да се здобиете со навика за утринска медитација, поставете си потсетник и одвојте неколку минути секое утро за медитација, штом ќе се разбудите.

Почетниците често се грижат околу неколку прашања: Како треба да седам? Треба ли да се потпрам на нешто? Можам ли да користам перници? На почетокот тоа и не е толку важно. Одберете начин кој најмногу вам ќе ви одговара. Можете да седите на под, на кревет, секаде каде што ќе се чувствувате опуштено и удобно. Можете, но не морате да ги прекрстите нозете. Откако ќе се сместите, размислувајте за начинот како вдишувате и фокусирајте се на воздухот кој го испуштате од белите дробови. Бројте ги вдишувањата, за да можете што подобро да се фокусирате на нив.

Вратете се кога ќе заталкате

Сигурно ќе ви се случи мислите да ви заталкаат. Не грижете се, тоа е вообичаено за сите почетници. Важно е само да им се вратите на мислите при медитацијата и да се обидете што повеќе да се опуштите. Токму броењето на вдишувањата ќе помогне да не ви ,,побегнат,, мислите.

Развијте свест за љубовта

За време на медитирањето, на многумина им се случуваат налети од различни емоции, од позитивни, како што е љубов, среќа и восхитување, до негативни, како што е тагата. Против емоциите никогаш не треба да се борите, ниту да ги доживувате како непријатели. Важно е да ги запознаете и да знаете да живеете со нив.

Не грижете се дали медитирате исправно и дали ги ,,чистите мислите,,

Ова е ситуација со која се среќаваат многу почетници. Запомнете, нема прав или крив начин, исправен е оној во кој вие ќе се чувствувате пријатно и опуштено.

Многумина мислат дека медитацијата е ,,исклучување,, на мислите од вообичаените мисли и празнење. Но, тоа не е целта на медитацијата, иако за време на нејзиното изведување тоа се случува. Мозокот е ,,фабрика на мислитеи е невозможно да се згасне. Наместо тоа, само обидете се да вежбате фокусирање и концентрирање.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина