Мозолчињата во пубертетот се нормална појава. Но, кога ќе се вратат подоцна во животот тие можат да бидат сигнал на само две работи : зголемено лачење на хормони или лоша исхрана.

Младешките мозолчиња се дел од генетското наследство и, иако не е познато зошто некој од семејството ги имал и како настанале, се знае дека секогаш исчезнуваат по излегувањето од пубертет.

Дерматолозите велат дека кога бебето има акни во текот на првиот месец од животот, се претпоставува дека ќе ги има и кога ќе порасне и ќе влезе во пубертет. Единственото објаснување е дека мајчините хормони ги стимулирале лојните жлезди на бебето на поголема секреција, што ја условила појавата на мозолчиња. Без оглед на она што тинејџерските акни исчезнуваат, треба внимателно да се негува лицето и да не се допираат мозолчињата со раце за да не останат лузни.

Постпубертетските акни се поголем проблем, со оглед на тоа што е многу потешко да се отстранат. Тие можат да се појават поради хормонални нарушувања или поради внесување на храна од животинсо потекло со зголемен хормон за раст, како и поради нанесување комедогена шминка со минерални масла, објаснуваат експертите. Во овој случај, вие не треба да внесувате намирници кои содржат млеко во прав и имаат висок гликемиски индекс. Терапијата е различна за секој пациент, и се советува задолжителна посета на дерматолог. Сепак, треба да се има во предвид дека третманите не ги лечат постојните лузни, како и тоа дека нема да се случи магија на краткорочно ниво. Секој третман би требало да трае минимум две недели. Во однос на естетиката се препорачува „oil free“” козметика за камуфлажа.

mozolcinja_1

 

Дерматолозите велат дека третманите кои вклучуваат парење и стискање на лицето не се најсјајното решение. Исто така, независно од третманот, потребно е секојдневно да се чисти и навлажнува лицето.

Со оглед на тоа дека исхраната игра голема улога во третманот на постпубертетските акни, се подразбира целокупен хигиено-диететски режим. Најпрво, тоа значи намалување на внесот на млечни производи, кои се полни со хормони. Потоа тука се и обработените јаглехидрати, во кои ја вклучуваме целата храна која брзо се вари. Зборуваме за слатки како што се бонбоните, кексите и белиот леб. Поради преголемата количина на шеќер која ја содржат во себе, овие производи се една од главните причини за предизвикување или влошување на појавата на акни.

Ефектот на витамините

Омега 3 (риба, ореви, јајца, пилешко месо) го помагаат лекувањето, се борат против инфекциите и ја подобруваат функционалноста на клетките. Витаминот А влијае на различни органи, а е одличен за видот, имунитетот, коските и кожата. Тој е исто така познат и под името ретиноид и се содржи во кремите кои се добиваат на рецепт, а кои ги лечат акните. Витаминот Е е најдобар за здрава кожа. Понекогаш се препорачува во течна состојба и таа течност се нанесува на кожата и се втрива бидејќи ја спречува појавата на лузни. Ако во течноста се состои масло, не заборавјте дека тоа може да ги блокира порите, што ја влошува ситуацијата. Нанесување на цинк на кожата во комбинација со антибиотици може исклучително да помогне.

Стресот и акните

Постојат одредени докази дека стресот може да предизвика појава на акни. Веројатно објаснувањето лежи во зголеменото ниво на стероиди во телото кога сме под стрес, а стероидите можат да ја воспалат кожата. Од друга страна, пак, обично потемниот тен обично визуелно го маскира и намалува црвенилото. Сепак, долготрајното изложување на сончевите зраци може да ја остари кожата.