Стапалата се одличен барометар за нашето здравје. Дамките на стапалата или ужасната болка во петите можат да бидат симптоми за посериозни болести кои се манифестираат на стапалата многу пред на остатокот на телото, пишува Health Central. Некои од тие симптоми се следниве:

Чешање

Иако чешањето најчесто се поврзува со атлетското стапало – габична инфекција која е последица на целодневното носење затворени обувки и зголемено потење, чешањето може да предизвика алергиска реакција или псоријаза.

Дамки на стапалата

Рејнодовата болест може да предизвика темни дамки на стапалата. Оваа болест ја поттикнуваат стресот и студот, а предизвикува грчење, намален проток на крв и синкава боја на кожата. Најчеста е кај младите жени. Во ретки случаи, Рејнодовата болест може да биде ран знак за ревматски артритис или лупус.

Жолти нокти

За чешање не се виновни само габичните инфекции, туку тие се проследени со жолт слој на ноктите и задебелување на ноктите. Дебелите, жолти нокти можат да упатуваат на некои други болести, како што се проблеми со лимфниот систем или ревматски артритис.

Болка во петите

Кај дијабетичарите, поради оштетените периферни нерви, специфично е пецкање во стапалата, кое може да биде последица од кардиоваскуларно нарушување на периферните артериски болести. Чувството на жарење во стапалата исто така може да предизвика замор и атлетско стапало.

Отечени стапала

По долго одење, стоење или носење несоодветни обувки се јавуваат отечени стапала. Ако нозете постојано отекуваат, тоа може да биде последица од неправилна работа на бубрезите или срцето, но и реакција на лекови за дијабетес и висок притисок. Отечените нозе може да предизвикаат остеопороза и ревматски артритисНајдобро е да се посети доктор ако не спласнат отоците.

Промена на обликот на прстите

Здравјето на белите дробови и срцето најдобро е да се провери ако се заоблат некои нокти и ако прстите го променат обликот. Ненадејните промени како наведените упатуваат на намален доток на кислород во крвта, а покрај проблеми со дишните патишта и срцето можат да бидат симптом и за Кронова болест.

Болка во палецот

Болката во ножниот палец може да биде симптом за облик на артритис кој предизвикува преголеми нивоа на мокрачна киселина. Уште еден виновник кој предизвикува силна болка во палецот е и ревматскиот артритис, па ако болката не престанува се препорачува да се посети доктор.

Студени стапала

Хронично студените нозе може да бидат последица од лоша циркулација поради недоволен доток на крв во екстремитетите. Високиот притисок, нарушената функција на штитната жлезда, срцевите болести и пушењето, кое ја намалува способноста на белите дробови за да апсорбираат кислород, создаваат дополнителни проблеми. Затоа на оние кои имаат проблем со студени нозе им се советува да посетат доктор за да се исклучат можните болести.

Тагови: стапала
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина