Заводливото деколте е украс на секоја жена. Потрудете се такво и да остане. Искористете ги советите на кој начин вашите гради да останат што подолго во форма или како да го измамите времето.

Секој месец издвојувате големи суми пари за креми против брчки, за негување на делот на кожата под очите и за маски кои ги нанесувате на вратот, се со цел да ги забавите првите знаци на стареењето. Но, мораме да ве разочараме. Лицето не старее најбро. Туку, тоа се токму градите – симболот на женственоста и предметот на обожавање.

Што влијае на опуштеноста на градите?

Главна причина за опуштеност на градите е стареењето, бидејќи со стареењето кожата ја губи еластичноста. Поради тоа што не знаеме се уште како да го спречиме стареењето, можеме барем да ги ублажиме последиците од него. Покрај стареењето и губењето на еластичноста, на обесеноста на градите може да влијае и нивниот облик, исхраната и генетиката. Клучни моменти во кои градите бараат посебна нега се периодот по породувањето и времето по влезување во менопауза, бидејќи тогаш градите почнуваат да го менуваат обликот поради стегањето на млечните жлезди. Негативни последици врз градите оставаат и нередовните и тешки менструации. Кај грижата за градите, нивната големина, и покрај општото мислење, не игра преголема улога.
Истражувањето објавено во списаниете ,,Journal Genome Biology” утврдило дека чувствителното и тенко ткиво на градите е најподложно на појавата на првите знаци на стареење. Посебно ризични се овие два фактори.

Прв фактор Промена на тежината и бременоста

Градите се секојдневно изложени на бројни фактори, кои можат да го забрзаат нивното стареење и да предизвикаат нивна обесеност. Бременоста, губењето или наглото добивање на килограми влијаат и на кожата на градите, така што таа се растегнува, ткивата слабеат и се намалува еластичноста на кожата. Секојдневната нега на кожата на градите со хидратантни креми може да помогне во забавувањето на овој процес.

Втор фактор Сончеви зраци

Втор голем непријател на кожата на градите е сонцето, кое исто така доведува до губење на еластичноста. За да го спречите штетното влијание на сончевите зраци, крема со заштитен фактор треба да нанесувате секојпат кога ви се откриени градите, дури и кога нема сонце. Друг начин е почесто да носите маици кои во целост ќе го покриваат деколтето.

Затоа, во секојдневната дневна рутина, покрај лицето и вратот, вклучете ја негата и на овој чувствителен дел ако сакате да ја забавите појавата на првите знаци на стареење. Притоа, при изборот на препарати за нега на градите, треба да обратите внимание производот да ги содржи витамините А, Е, Ц и Б5, бидејќи тие ја хидрираат кожата и создаваат заштитна обвивка која и помага на кожата да развие функција на ,,природен градник,,. Би било уште подобро ако покрај нив содржат и жен – шен, жалфија, хмељ, масло од ориз или од соја, бидејќи тие ја регенерираат и ја хранат кожата.

Едноставно, не постојат трајни решенија за спречување на опуштањето на градите. Исто така, илузорна е помислата дека е можно во целост да се спречи нивната обесеност. Дури ни пластичните операции не се гаранција дека градите засекогаш ќе останат на свое место, па затоа е потребно да им ја понудите сета потребна нега и грижа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина