Нарколепсија е невролошко заболување кое се дефинира како хронично нарушување на спиењето. Се карактеризира со претерана поспаност, испрекинат ноќен сон и абнормален ритам на спиење во текот на денот. Болните од нарколепсија се соочуваат и со катаплексија и со епизодично губење на мускулната функција.

Симпоми за нарколепсија

Главни симптоми на нарколепсијата се:

  • Прекумерна дневна поспаност неможност да се оддржува будност во текот на денот
  • Неочекувано, краткотрајно губење на мускулниот тонус (катаплексија)
  • Често будење во текот на ноќта, испрекинат сон и спиење по оброкот

  • Неочекувана неможност за говор или движење во мигот кога болниот ќе се разбуди.
  • Непријатни халуцинации во полусон, во периодите на будење и паѓање во сон.

Прекумерната поспаност се огледува во неодложната потреба за сон, иако болниот веќе добро се наспал во текот на ноќта. Болните од нарколепсија чувствуваат силен замор, но по само пет минути дремење веќе се чувствуваат подобро.

Катаплексијата е вториот најчест симптом на нарколепсијата (се појавува кај 60 -90% од болните). Се работи за неочекувано, краткотрајно губење на силата, која често се случува по некој емотивен чин, како што е силно смеење, страв, изненадување, жалост, сексуално возбудување и сл. Нападот на катаплексија обично трае од неколку секунди до неколку минути. Личноста во тој миг е свесна за нападот, но не е способна да реагира.

Катаплексиите се делат според нивото на силата на: делумни (треперење на нозете, слабеење на рацете, паѓање на главата, неможност за говор), и целосни (слабеење на целото тело, кое во мигот се однесува како вреќа, со целосно убење на контролата). Дури 75% од болните од нарколепсија наведуваат дека напад на катаплексија доживуваат барем еднаш дневно.

Честопати будењето во текот на ноќта и спиењето по оброците е карактеристика која ја доживуваат 60 – 80% од болните од оваа болест. Неочекувана неможност за говор и движење и халуцинации доживуваат 40% од болните од нарколепсија.

 

Причини за нарколепсија

 

Причините за нарколепсија не се познати. Ја поврзуваат со ХЛА хаплотипот. Децата на болните oд нарколепсија исто така заболуваат од оваа болест, што упатува на генетска причина. ХЛА е хуман леукоцитен антиген, односно ген со ткивна поклопеност. Тие ги шифрираат антигените кои за прват се пронајдени во леукоцитите, а подоцна и во други клетки.

Но, научниците покажуваат дека значајно влијание на развојот на нарколепсијата имаат надворшените причинители кои можат да бидат поттикнувачи за развој на болеста кај оние со постоечки невролошки недостатоци. Нарколепсијата е одредена со дисрегулацијата на РЕМ фазата на сонот, што влијае на преминувањето од состојба на будност во фаза на сон.

Дијагнозата на нарколепсијата многу често се поставува премногу доцна. Дијагностичките методи се состојат од полисомнографско снимање (ПСГ), по што следуваат тестови за латенција на спиењето. Оддржувањето на состојбата на будност не е тест за дијагностицирање на нарколепсијата, но може да биде показател за ефикасноста на лекувањето. Постапката ПСГ се состои од континуирано целовечерно снимање на мозочните бранови, дишењето, работата на срцето, количините на кислород во крвта, движењето на градниот кош и стомакот, вибрациите на душникот, движењето на нозете, крвниот притисок и положбата на телото.

Влијанието на нарколепсијата врз секојдневниот живот

Нарколепсијата има влијание врз низа секојдневни активности, па затоа е многу битно што порано да се дијагностицира и да се препише терапија.

Таа влијае на разни нивоа:

  • Физичка сигурност многу вообичаени дневни активности, како што е возењето автомобил, работењето, готвењето или одењето можат да бидат опасни ако ненадејно се запсие или ако се загуби контролата над мускулите.
  • Ментално здравје нарколепсијата може да делува толку многу врз квалитетот на животот, а може да биде причина и за анкциозност и депресија.
  • Социјални и професионални односи ненадејните епизоди на спиење често предизвикуваат потсмевање. Болните од нарколепсија наидуваат на недоразбирања, што може да биде и кобно за задржување на работното место или квалитетот на општествените односи.
  • Интимни односи нарколепсијата може значително да делува негативно на емотивните и интимните односи со партнерот. Екстремната поспаност може да предизвика значаен пад на либидото и импотенцијата, додека сексуалното возбудување може да биде повод за напад на катаплексија.
  • Помнење и внимателност нарколепсијата може да биде причина за лошо помнење, намалена концентрација, што може негативно да делува на секојдневните активности, како на работното место, така и во слободното време.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина