Бојата на јазикот открива од што боледувате
Јазикот се состои од група мускули кои ни дозволуваат да ја пробаме храната, да ја омекнеме, да голтаме, но и да зборуваме. Тој има огромна улога кај луѓето. Со оглед на тоа што е богат со крвни садови и благодарение на плунката, неговото здравје се поврзува со целиот организам, па затоа е одличен за дијагноза. Едноставно, погледнете го јазикот во огледало и видете дали ги имате некои од следниве симптоми.
Светлоцрвена боја на јазикот означува недостиг на витамин Б – 12
Ако природно розовата боја на јазикот одеднаш стане светлоцрвена, тоа може да укажува на недостиг на витамин Б – 12. Овој витамин е неопходен за црвените крвни зрнца кои организмот ги храни со кислород, па неговиот недостаток може да предизвика невролошки проблеми и деменција. Токму поради тоа се препорачува да се јадат повеќе намирници богати со витамин Б, како што се месо, туна, лосос и млечни производи, кои ќе го задоволат дневната потреба.
Белата боја упатува на габична инфекција
Белата боја на јазикот може да упатува на габична инфекција со кандида, но и на автоимуната болест витилиго. Се работи за ограничена дипигментација која најчесто се јавува на рацете, стапалата, лицето и јазикот. Инфекцијата со кандида најчесто е последица од долго земање антибиотици, но се јавува и поради пад на имунитетот.
Жолт јазик е знак за инфекција
Јазикот најчесто пожолтува од пијалоци, како што е кафето, но може да биде и последица и од лоша хигиена. Жолтата боја може да укажува на некаква инфекција во организмот.
Темната боја укажува на лоша циркулација
Темновиолетовата боја на јазикот може да биде знак за лоша циркулација и всоко ниво на холестерол во крвта. Најчесто е последица на лоша исхрана и недоволно вежбање, а како последица од лошата циркулација се јавува депресија и недостаток на енергија.
Недостиг на крв (Blood deficiency) – јазикот е блед, поради тоа што е намален протокот на крв до него, а често пати се работи за недостиг на железо во крвта. Други симптоми се вртоглавица, замор, забележливо засилено чукање или прескокнување на срцето.
Жештина (Heat) – јазикот е црвен, а на него има жолтеникав слој. Може да биде знак за дехидрација и разни нарушувања во организмот, како на пример хипертиреоза, а другите симптоми се температура, прекумерно потење, жед, пролив или запек, нервоза и проблеми со кожата.
Задржување на влага (Damp Retention) – се работи за задржување на водата, јазикот е розов, а на самата средина е бел. Останатите симптоми се надуеност, чувство на тежина на градите и на абдоменот и летаргија.
Црвени траги (Blood Stasis) – означува застој на крвта, а се толкува по виолетовата боја на јазикот. Отанатите симптоми се студени екстремитети, варикозни вени, болни нозе, главоболки, болка во градите, проблеми со црниот дроб.
Qi стагнација (Qi Stagnation) – оваа состојба е прв одговор на телото за емоционален стрес, а вклучува симптоми како што се промена на расположението, депресија, а се карактеризира со розов јазик со тенки бели слоеви и боја поинтензивна на врвот.
Влажна топлина (Damp Heat) – јазикот е црвен со жолт, мрсен слој, а означува топлина и влага и се поврзува со проблематична кожа и уринарни инфекции.
Јанг недостаток (Yang Deficiency) – јазикот е со посветла боја, на себе има тенок бел слој, а јазикот е честопати натечен и болен. Се поврзува со студенилото на телото, бледиот тен, болки во грбот и импотенцијата.
Јинг недостаток (Yin Deficiency) – на јазикот има малку или воопшто нема наслаги. Тој е црвен и испукан. Се поврзува со валунзите, ноќното потење, несоницата, нервозата и зуењето во ушите.