Терминот птоза се однесува на спуштеност на едниот или на двата очни капаци. Спуштеноста може да биде одвај видлива, додека веѓата може да се спушти сосема и преку зеницата. Птоза може да се појави и кај возрасни и кај децата, но обично се јавува како последица од стареење.

Симптоми и знаци за птоза

Најзабележлив знак за птоза е спуштена веѓа. Во зависност од тоа колку е таа спуштена, луѓето можат, но и не мораат да имаат потешкотии со видот. Стапката на птоза варира од еден до друг случај. Ако сметате дека имате птоза, споредете се со некоја неодамнешна своја фотографија. Споредете си го лицето со лицето на фотографија снимена од пред 10-20 години. Птозата може да се чини слична со дерматохалазијата, група болести кои прдизвикуваат кожата се пресвиткува и брчка. Но, сепак задолжително посетете доктор.

Што ја предизвикува птозата?

Птозата може да биде присутна и за време на пораѓање, може да се развие со самото стареење на некого, по повреда или како последица н некоја очна операција. Оваа состојба може да биде предизвикана и поради проблеми со мускулите кои ги подигаат веѓите – леваторите. Понекогаш анатомијата на човековото лице е причина за проблемите со мускулните леватори. Туморот на окото, е неволошка болест која предизвикува проблеми со мускулните леватори. Освен туморот, невролошките боелсти и дургите болести, како што е дијабетесот, може да доведат до спуштање на вежбите.

Лекување на птозата

Обично операцијата е најдоброто решение за третирање на спуштени веѓи. Хирург може да го затегне мускулот леватор, со цел да се подигне веѓата и така да го подобри нашиот вид и изглед. Во ретки случаи, хирургот може да ја прицврсти веѓата.

Ризик од операција на птозата

По операцијата, веѓите може да бидат асиметрични, иако се подигнати отколку порано. Во многу ретки случаи, може да се загуби способноста за движење на веѓата. Важно е да се одбере внимателно хирург, затоа што лошо направена операција може да доведе до лош изглед, но и сувост на очите поради кревање на веѓите без да се затворат исправно. Распрашајте се пред операцијата колку третмани има изврешно досега хирургот. Исто така, барајте да погледнете фотографии од пред и по операцијата од поранешните пациенти и замолете некои од нив да ги споделат со вас своите искуства во врска со операцијата.

 

Птоза кај деца

Децата кои се родени со умерена или сериозна птоза треба да извршат хируршки третман за да може правилнода им се развие видот. Ако не се третира птозата, како последица може да се развие амблиопија (ослабен вид на едното око) и ослабен вид за цел живот. Децата со оваа состојба треба да посетуваат очен специјалист секоја година. Обликот на очите се менува со растот, па можно е да се појават проблеми со видот, доколку птозата не се третира на време.

Тагови: веѓиптоза
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина