zena_naslovna

Често непотребно се извинувате

Истражувањата покажуваат дека жените велат ” извинете” почесто отколку мажите. Сосем  во ред учтиво да се извините доколку сте турнале некого во воз или автобус или пак сте предизвикале поголеми проблеми, но некои жени се извинуваат и кога за тоа воопшто нема причина. На пример, им се извинувате на вашите пријатели бидејќи сте ги преоптовариле со своите проблеми илиму се извинувате на момчето затоа што не сте подготвениза излегување, кога ќе ве повика. Со тоа правите повеќе штета отколку корист за себе и нив.

 Прифаќате се

“Да” звучи позитивно, но ако ги прифаќате сите понуди и се чувствувате преоптоварено и уморно, одеднаш ќе пукнете. Зошто да се доведете до крајни граници и да предизвикате непотребни проблеми? Луѓето повеќе ќе ве почитуваат доколку поставувате граници.

Се потценувате

Многу жени мислат дека не се доволно добри за да бидат во одредено друштво, да имаат одредена работа, да излегуваат со одреден тип мажи, па дури и да влегуваат во одреден фризерски салон. На тој начин, често ги пропуштаат приликите кои им се наоѓаат пред носот.

Гледате на храната како на непријател

Многу жени ги изедначуваат сопствените вредности со сопствениот изглед. Косата мора да им биде како свила и не смеат да имаат некоја маана на телото,  па сосема логично е на храната да почнат да гледаат како непријател што им стои на патот до совршениот изглед. Квалитетната храна е пријател и на убавото и здраво тело.

Се згрозувате од сопственото тело

Го обезвреднувате вашето тело гласно или само кога сте сами пред огледало? Сеедно како го правите – време е  да се ослободите од овие штетни навики. Таквото  размислување нема да донесе ништо добро. Ако сте навистина незадоволни со својот изглед, подобро би било да поразговарате со некој пријател или психијатар.

Се чувствувате виновни или како лажга доколку постигнете успех во работата?

Ова чувство почесто го имаат жените отколку мажите, бидејќи многумина мислат дека не заслужуваат толку многу.

Го споредувате својот живот со другите профили на Фејсбук и им завидувате

Зависноста од Фејсбук е често поврзувана со ниската самодоверба. Наместо да се заморувате и да го споредувате вашиот живот со виртуелниот живот на другите, спуштете го лап-топот и уживајте во сегашноста и реалниот живот, бидејќи и истражувањата покажуваат дека Фејсбукот го зголемува чувството на депресија.

Се измачувате зошто чувствувате каење и вина

Вина и каење се две емоции кои му праватвистинска тортура на лицето кое ги чувствува. Подобро научете нешто од чувството на вина и каење, а потоа продолжете понатаму оставајќи ги емоциите зад себе. Дадете го најдоброто од себе и искористете ги новите прилики кои ви се пружаат, без да мислите на минатото.

Носите високи потпетици секој ден

И рамните чевли можат да бидат вистински стилски погодок и нозете ќе имаат можност да се одморат. Имајте милост кон нив.

Незадоволни сте бидејќи не сте совршена домаќинка

Перфекционизмот е товар кој мора да го отфрлите. Подобро почесто ангажирајте членови на семејството кои можатда ви помогнат во подготовката на оброците .

Се плашите од осаменост

Можеби ќе се потрудите да се запознаете со што повеќе мажи , но меѓу нив да не го најдете животниот партнер, на тоа сепак не можете да влијаете. Никогаш не знаете кога ќе наиде овој човек, па нема смисла да се плашите дека тоа никогаш нема да се случи. Покрај тоа, секогаш е подобро да се биде сам, отколку во несреќна врска или брак .

Во врска сте само за да кажете дека имате некој

Ако се плашите од осаменост , можете од очај да завршите во многу лоша врска. Сепак, внимавајте во вашиот случај да не се исполнат зборовите на Нора Ефрон : ” Бракот доаѓа и си заминува, но разводот останува засекогаш”

Се дружите со “отровни” пријатели

Животот е премногу краток за да го потрошите на луѓе кои нема да ве третираат како што заслужувате.

Поминувате време со луѓето само бидејќи чувствувате должност

Само затоа што сте оделе со некој заедно на училиште, или пак ви е далечен роднина , не значи дека морате често да бидете во друштво со нив и да одговорате на сите повици за заедничко излегување. Можеби со овие луѓе веќе немате многу заедничко? Проценете во кое друштво уживате и се чувствувате сигурни, а каде одите само поради тоа што чувствувате обврска.

Се срамите од сопствените интереси или незнаења

Се срамите од музиката која ја слушате, ТВ емисиите кои ги гледате или книгите кои ги читате? Признајте им ги на луѓето сопствените слабости. Не знаете многу за класичната музика? Признајтеи научете нешто доколку сакате. Искористете го своето незнаење како можност за да поставите некое прашање.

Си поставувате краен рок за важните животни настани

Не си поставувајте рок за некои важни лични цели. Заради оваа навика, би можеле да добиете дете со погрешен човек или да го поминете својот живот на начин кој воопшто не го сакате. Уживајте во непредвидливоста на животот и пријатните изненадувања што доаѓаат.

Ги осудувате другите жени поради нивниот сексуален живот

Наредниот пат кога ќе ви дојде за некоја жена да ја наречете дека е “ороспија” или нешто слично, само воздржете се. Кои сте вие да им судите на другите?

Загрижени сте поради малиот број на сексуални партнери

Поради притисокот од околината, младите девојки, пред се, мислат дека ќе добијат на вредност или потврда од околината доколку имаат поголем број на сексуални партнери. Ваквиот вид на нелогично размислување често води до сексуално преносливи болести и депресија.

Глумите дека сте некој друг

Ако ја криете вашата вистинска личност, не ги изразувате своите желби и мислења, вашиот живот ќе биде прилично сиромашен. Дозволете им на луѓето да ве запознаат онакви какви што сте со сите ваши доблести и маани.

Се плашите дека ќе ве нарекуваат ‘хистерична лудача “

Најлесен начин да ја дискредитирате некоја оправдано вознемирена жена е да ја наречете луда. Жените се навикнати на фактот одредени луѓе секојдневно ги потценуваат и игнорираат, што ги тера почесто да молчат за оваа неправда.

Поставувате дијагноза преку интернет

Престанете да сурфате на интернет и да си поставувате сами дијагнози врз основа на се што ќе прочитате, подобро посетите вистински лекар.

Тагови: жениразно