Покрај тоа што ќе ви ја затегне кожата и ќе ви ги дефинира мускулите, следните активности можат да ви помогнат за подобро да ја изразите сопствената сексуалност.

 

Јога

Со помош на јогата се постигнува сеопфатен склад помеѓу телото и душата. Освен терапевтско делување, познато е дека јогата има одлично делување на телото. Таа ги јакне внатрешните мускули и влијае на подобрата флексибилност на телото.

Салса

За само 30 минути практицирање на овој кубански танц можат да се согорат околу 200 калории. И, не само тоа. Салсата ќе го обликува телото и ќе ги дефинира мускулите.

Пол денс

Пол денсот или танцувањето на шипка е многу популарен во последниве неколку години. Дамите кои го практикуваат овој необичен танц истакнуваат дека, освен што одлично го развива телото и ги јакне мускулите, тој исто така делува позитивно на самодовербата и помага подобро да ја изразуваме својата сексуалност.

Стрип денс

Стрип денсот многу потсетува на танцот околу шипка, а разликата се крие во тоа што кај овој вид на танц се игра пред огледало. Вљубениците во стрип денсот истакнуваат дека овој вид на танц ослободува од физичка и нервна напнатост.

Вежбање со хулахоп

Иако на многумина им се чини како детска игра, вежбањето со хулахоп носи многу естетски и здравствени предности. Првото и она што на сите им е јасно е дека добро ја обликува половината, како и дека ја усовршува координацијата на движењата.

 

Стомачен танц

Како што кажува самото име, стомачниот танц ги ангажира стомачните мускули, а познато е и дека го забрзува метаболизмот. Со само еден час практицирање ќе успеете да согорите дури 350 калории.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина