Ако свежото овошје и зеленчук стојат неколку дена, ја губат нивната нутритивна вредност, па стручњаците сметаат дека смрзнатото е понекогаш подобра опција. Освен тоа, дури 2/3 од овошјето и зеленчукот се поздрави да се јадат смрзнати. Замрзнувањето е едно од најстарите и најраспространети постапки на конзервирање на храната, а овозможува зачувување на вкусот, текстурата и нутритивната вредност на храната подобро од другите методи, како што се сушењето, пастеризацијата и стерилизацијата.

Со замрзнување на намирниците се оневозможува растот на микроорганизмите и се намалуваат ензимските реакции кои природно се одвиваат во намирниците, а кои доведуваат до губење на квалитетот, и така се овозможува подолго зачувување на квалитетите. Ако намирниците се правилно замрзнати во првите 24 часа по бербата, содржат повеќе вредни хранливи материи од истите намирници кои 24 часа стоеле на воздух. Брзото пропаѓање поради ензимското и бактериското делување е сопрено и така останува 2-3 месеци, во зависност од видот и температурата на замрзнување.

 

Британските научници од Институтот Летерхед и Универзитетот Честер откриле дека замрзнатиот спанаќ има за четири пати повеќе хранливи материи, влакна, фолна киселина, железо и калциум. А смрзнатиот морков содржи тројно повеќе лутеин и двојно повеќе бета-каротен, но и повеќе полифеноли од свежата верзија. Вкупно гледано, дури две третини од овошјето и зеленчукот е поздраво да се јадат смрзнати отколку свежи, со исклучок на лимонот, пченката и карфиолот. Уште една причина поради која смрзнатото е понекогаш подобра опција е таа што овошјето и зеленчукот се смрзнува веднаш по берењето, а свежите плодови можат со месеци да седат во супермаркетите испрскани со разни хемикали со цел да го задржат својот добар изглед.

Од друга страна, свежата намирница, во мигот на берење има поголема концентрација хранливи материи од смрзнатата намирница. Но нејзината нутритивна вредност се менува со оглед на начинот на чување по бербата, превозото до местото на продажба и начинот на подготовка, односно ,,послужувањето на трпезата,,.

 

Долгото и несоодветно складирање и транспортот на свежите намирници може да резултира дури и со пониски концентрации на хранливи материи од оние во смрзнатите производи.
Тоа значи дека не треба во целост да се одбегнува смрзнатото, туку да имаме избор и, без разлика на сезоната, да имаме можност да уживаме во вкусот и благодетите во текот на целата година.

 

Брокулата купена вон сезона има помалку витамин Ц

 

Неодамнешната студија објавена во Меѓународното списание за прехранбени науки и исхрана го споредувала влијанието на витаминот Ц во брокулата изложена во супермаркет напролет и брокулата во супермаркет во есен. Заклучокот бил – зеленчукот вон сезона има само половина витамин Ц од ,,сезонците,,.

 

Грашокот кој стои, губи 20% витамин Ц

 

Свежите намирници бараат повеќе време за подготовка во кулинарството. Свежиот грав и мешунките мора долго да се варат и по правило не можат брзо да се подготват, што подразбира многу повеќе потрошена енергија. Со претходната обработка на свежите намирници се губат и до 30% од тежината, а при замрзнување тоа го нема.
Веќе од првиот ден по стоењето на зголемени температури можат да се загубат и 10% од витаминот Ц. На пример, свежо набраниот грашок по 24 часа стоење губи и до 20% од својата вкупна содржина на витамин Ц.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина