Гениталиите ќе ви бидат благодарни ако не ги криете во пижами. Тие се желни за свеж воздух како и секој друг дел од телото, бидејќи тогаш помалкус е потат, постудено им е, а со тоа се намалува можноста за развој на бактерии, а со тоа и на инфекции. Освен тоа, спиењето без ништо на себе дава чувство на апсолутна слобода. Ништо не стега, не гребе ниту се мота околу телото во текот на ноќта. Тоа е и одличен рецепт за зголемување на сексуалната желба, бидејќи кога сме голи, едноставно се чувствуваме повеќе секси. А посекси е и допирањето со партнерот/партнерката, кожа на кожа. Многу е поубаво од допирот ,,пижама со пижама,,.

 

Според меѓународната студија на американското Национално здружение за спиење, секој трет човек спие гол, па затоа и љубовните животи им се посреќни од оние кои спијат во пижами. Поблиски се со партнерите, а блискоста опушта и поттикнува на чувство на среќа. Тоа резултира со намалување на крвниот притисок, го јакне имунитетот и го намалува чувството на потиштеност. Освен поквалитетен љубовен и, се разбира сексуален живот, спиењето без ништо на себе го подобрува квалитетот на спиењето. Температурата на телото е помала, што придонесува за подлабок сон. Стручњаците веруваат дека на овој начин се проветруваат гениталиите, што ја намалува можноста од развој на бактерии, бидејќи тие сакаат влага и топлина. Вагината ќе биде помалку влажна и помалку склона на инфекции, а тестисите постудени, па тоа ќе го зачува здравјето на спермата.

 

И кожата ќе ви биде благодарна, бидејќи тоа е единствената можност за непречено да дише. Тоа ја намалува шансата за добивање кожни болести. Имено, таа во текот на целиот ден е прекриена со облека и обувки, под кои и во кои се често поти, a и хемикалиите од детергентите или омекнувачите можат да навлезат низ порите.

 

 

Тагови: спиење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина