Луѓето се се повеќе свесни за потребите за физичка активност и убавата и правилна форма на своите тела, па во се поголем број се упатуваат во фитнес центрите и салите за вежбање. Но и тука има бон-тон односно правила за добро однесување, па време е да се потсетиме на некои од нив.

fitnes_naslovna

Овие се смртни гревови во салата за вежбање, па погрижете се да ги избегнете, односно немојте:

– Да оставате зад себе 20 плочи на пресата за нозе

– Да седите на некоја од справите и да зборувате на телефон или да пишувате СМС

– Да одите премногу блиску до личност која прави чучњеви, мртво дигање или потисок над глава, бидејќи се работи за големи тежини кои се подигнуваат, лесно можете да ја збуните таа личност и притоа да предизвикате вистинска катастрофа

– Да земате делови од опрема со кои се служи друго лице, притоа не прашувајќи за негова дозвола.

– Заборавате да ставите крпа на бенч клупата или на друга справа доколку силно се потите, бидејќи е одвратно и никој не би сакал да плива во вашата пот

-Намерно да се поставите така, за да вежбате и воедно да ги гледате девојките кои прават кардио-вежби…тие секако ќе го забележат тоа, а впрочем изгледа ефтино.

– Никогаш, ама баш никогаш, не одете со нечиста облека на вежбање, бидејќи на сите околу вас ќе им ја убиете желбата за вежбање

-Да ги оставате теговите на подот, штом ќе завршите со вежбање

-Да стоите помеѓу огледалото и некој што моментално изведува серија вежби

-Да заклучите за секој понабилдан од вас дека „не е природен” и постојано да го прашувате какви суплементи зема

-При секое поместување од 2 сентиметри на теговите на преса да врискате како некој да ве дави

-Гласното мотивирање на колегата да го изведе подигнувањето до крај, на другите нема да им изгледа многу симпатично

-Да им зборувате на другите дека грешат во вежбањето, без притоа самите да им демонстрирате како е правилно

-Да им борувате на другите дека длабоките чучњеви се лоши за колената

-Да ја подигнувате маичката и да ги проверувате вашите„ плочки на стомакот” после секоја изведена серија вежби

– Да започнувате разговор со личност која е сред серија вежби

Да пробувате да зборувате со личности кои имаат слушалки во ушите, потполно ви е јасно дека ќе морате да го повторите се она што претходно сте го рекле

-Да си ја играте 1 повеќе играта, односно на секого да разгласувате дека можете да подигнете повеќе од која и да е бројка што таа личност ја споменала

-Да ги смеете пшријателите додека креваат големи тежини, едноствано може да се случат разни незгоди и повреди

-Да вежбате гради и бицепси 6 пати во текот на неделата!