Секој оној кој тренира во теретана, било рекреативно или професионално, знае дека постојат мигови кога се чувствуваме изморено, без елан сме и потребна ни е енергија за да го обработиме тренингот. Ваквите и слични состојби на губење на енергијата воглавно настанува како последица од недостиг на одредени хемиски елементи во телото, кои се трошат на дневна основа, па затоа треба истите да се надоместат со суплментација. Ова се само неколкуте одлични борци против заморот и засилувачи на енергија кои помагаат кога треба да се врати еленато за одличен ренинг и убаво чувство во општа смисла.

Аргининг
Најдобар е за по енергичен тренинг.

arganin11

Како делува?

Аргининот е аминокиселина која се конвртира во азот моноксид (NO), гасна молекула која предизвикува опуштање на крвните садови, што овозможува далеку поголем проток на кислород и хранливи материи во крвотокот. Посебно се чувствува разликата кај оние мускулни партии кои се тренираат, затоа што овие дополнителни хранливи материи им помагаат на тие мускули да совладуваат поголем напор.

Како се користи?

Се земаат 3 грама еднаш или два пати дневно, а најмалку една доза пред тренинг.

Напомена: Начинот на употреба варира во однос на самиот препарат кој содржи аргинин.

 

Кофеин
Најдобар за Долготрајна енергија.

kafe-tableti

Како делува?

Дехидрираниот облик на кофеинот често се наоѓа со ознаката„1,3,7 trimethylxanthine”, но во суштина тоа е истото она кое се наоѓа во утринскиот филџан кафе. Кофеинот брзо протресува, со тоа што делува на централниот нервен систем, но исто така придвижува и некои други енергетски системи, што се покажало како „booster” пред тренинг. Истражувањата покажале дека земањето кофеин еден час пред тренинг овозможува совладување на поголеми оптоварувања и изведување на поголем број повторувања, бидејќи го отапува чувството на мускулен замор.

Како се користи?

За подобрување на резултатите од тренингот, треба да се отфрли консумирањето на кафето (или на секој друг облик на кофеин) во текот на денот и да се земаат 100 – 400 милиграми дехидриран кофеин еден час пред тренингот.

Напомена: Начинот на употреба варира во однос на самиот препарат кој содржи кофеин.

 

BCAA
Најдобар за зголемување на перформансите на тренингот и за брзо закрепнување на мускулите.

bcaa1

Како делува?

BCAA препаратите содржат 3 есенцијални аминокиселини: леуцин, изолеуцин и валин. Тие се посебно ефикасни кога се земаат пред самиот тренинг и помагаат за транспорт на креатинот, гликозата и на други хранливи материи во мускулните клетки, каде се користта како гориво за физичка активност. BCAA кои се земаат по тренинг го сузбиваат нивото на кортизолот (хормонот на сресот), што дава чувство на помал замор и воспаление на мускулите.

Како се користи?

Во вид на прашок или капсули, 3 грама BCAA пред и после тренинг, односно најмногу 6 грама дневно.

Напомена: Начинот на употреба варира во однос на самиот препарат кој содржи BCAA.

 

Креатин
Најдобар за засилени тренинзи.

 

kreatin

 

Како делува?

Креатинот е од клучно значење за циклусот ATP (аденозин трифосфат), односно за серијата реакции кои обезбедуваат моментална енергија. Колку повеќе има креатин во мускулите за време на тренинг, толку побрзо телото создава енергија, што се преведува во можност за правење поголем број повторувања пред да настапи заморот.

Како се користи?

Се земат 2 – 5 грама пред и по тренинг, односно максимално 10 грама дневно. Се запонува со помали доци и постепено се зголемува до максимум. Привремениот ефект е надуен изглед, кој е само од минлив карактер, а кој настанува како последица на задржувањето вода во мускулите.

Напомена: Начинот на употреба варира во однос на самиот препарат кој содржи креатин.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина