Јогата може да ви помогне да се ослободите од стресот, но како и секоја друга спортска активност може да доведе до нови повреди, тврдат стручњаците. Универзитетот во Сиднеј тврди дека јогата предизвикала болки во локомоторниот систем на рацете кај 10% од вежбачите. Од друга страна, јогата поттикнала болки и кај 21% постоечки повреди.
“Јогата е посериозна активност отколку што се мислеше порано,,  вели професор Евангелос Папас. “Нашата студија пронајде дека веројатноста за болка предизвикана од јогата е повеќе од 10%, што значи дека таа може да се спореди и со процентот на повреди во другите спортови.“

Инаку, студијата опфатила 350 луѓе кои оделе на часови по јога во две студија во Њујорк. Учесниците, воглавно жени со просечна старост од 45 години, потполнувале прашалници подолго од една година.

Резултатите покажале дека повеќето од новите болки (13,3%) биле во пределот на рамењата, клучната коска, зглобот или рацете. Професор Папас, кој и сам е професор по јога, вели дека тоа има смисол, бидејќи горните делови од телото поднесуваат поголема тежина, и дека ваквиот вид вежбање треба да се третира како и секое друго вежбање. Сепак, убава вест е што две третини од испитаниците, поточно 74%, рекле дека јогата им ги намалила болките во грботи во вратот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина