Смеењето ни дава енергија и делува позитивно врз нашето физичко и психичко здравје. Луѓето кои често се смејат имаат позитивен однос кон можните здравствени проблеми. Смеењето делува антистресно. Ги отстранува ефектите од стресот, така што го намалува нивото на хормони кои го предизвикуваат. Исто така, тоа го јакне имунолошкиот систем. Со смеењето се поттикнува работата на системот на органите за варење и лимфниот систем. Освен тоа, тој е одлична вежба за средниот дел од телото. Зголемената циркулација на кожата и мускулите на лицето и дава посебен сјај на кожата. А зголеменото отчукување на срцето во текот на една минута смеење е исто како десет минути вежбање на справа во теретана. Важен ефект од смеењето е и тоа што ја подобрува комуникацијата меѓу луѓето. Сите сакаат луѓе кои се смејат, односно ги сакаат оние со кои можат да комуницираат. Смеењето со себе носи чувство на среќа, топлина, поврзување со луѓето, толеранција, дарежливост и сочувство. Тоа во исто време ги спречува негативните чувства, омразата, љубомората како и негативните постапки, насилството и агресијата.

Како всушност доаѓа до смеењето

Постојат повеќе причини кои го предизвикуваат смеењето. Тоа може да биде хумор или некој облик на гегови, односно сето она кое во организмот најпрво ќе предизвика напнатост. Потоа увидуваа дека тоа смешно не е опасно по нас, туку дека е само необично. Значи, прво доаѓа до тензија, адреналинот се покачува, а потоа доаѓа до опуштање, до смеење и до лачење на сератонинот, хормонот на среќата и задоволството.

Како да научиме да се смееме

Смеењето е дел од одликата на темпераментот, но може и да се научи. Со оглед на тоа што тоа е механизам за совладување на проблемите, можеме да научиме повеќе да се смееме со тоа што нема пресериозно да ги сфаќаме проблемите. Кога често се смееме, толку повеќе развиваме способност да се смееме на некои работи и ситуации кои во блиско минато ни создавале стрес и не лутеле.

Вежбајте да се смеете
Јогата за смеење е комбинација од вежби за дишење и вежби за смеење. Вежбите се изведуваат во група, додека во истовреме се одржува контакт со очите. Вежбите поттикнуваат разиграност, исто како кај некое дете, и таа разиграност многу брзо се претвора во опуштена, ослободувачка и разиграна насмевка.

Алоха смеење

Со потекло од хималајскиот поздрав, ова смеење е многу стимулативно и ја подобрува циркулацијата. Ако ја изведуваме оваа вежба сами, таа ни дава слобода и простор да го поделиме моментот на смеење со себе и дава чувство на благосостојба и среќа. Идеално е да се изведува наутро, веднаш откако ќе станете од кревет. Клекнете на подот и ставете неколку перници пред себе. Подигнете ги рацете над главата, подигнете ја брадата и почнете да изговарате продолжено Алооо, кое ќе го завршите изговарајќи гласно Хаааа. За тоа време смејте се од се срце, додека во исто време го спуштате горниот дел од телото и рацете се додека не ја спуштите главата на перниците. Продолжете да се смеете и не престанувајте се додека уживате во тоа.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина