Резултатите објавени во списанието Current Neurology and Neuroscience Reports покажале дека мигрената погодува повеќе од 15% од возрасните луѓе ширум светот. Проблемите со мигрената се разликуваат од просечната главоболка по интензитетот на болката и симптомите, а истите тие можат значително да го намалат квалитетот на животот. Иако научниците потрошиле многу време и труд на проучувањето на оваа многу непријатна главоболка, точната причина за појава на мигрената се уште не е се уште позната.

На сите ние јасно дека исхраната не може да биде причина за нејзина појава, но за оние кои патат од мигрена исхраната може да биде поттикнувач за нејзиното појавување. Имено, се покажало дека 10 60% од оние кои патат од мигрена сметаат дека консумирањето одреена храна може да биде поттикнувач за нејзината појава. Ова е листата на најчестие намирници поттикнувачи на појавата на мигрена.

Зрело сирење

Зрелото сирење содржи големо ниво тирамин, аминокиселина која може да има влијание врз крвните садови и да предизвика главоболка. Иако постоечките научни докази се по малку дискутабилни, се смета дека може да постои поврзаност помеѓу консумирањето на зрело сирење и појавата на мигрена.

Чоколада

Чоколадата се смета за најчестиот поттикнувач на мигрена, а причината за тоа се фенилетиламинот и флавоноидите, соединенијата кои се наоѓаат во неа.

Преработено месо и сувомеснати производи

Оваа група намирници многу често содржи високо ниво нитрати и нитрити, кои можат да предизвикаат главоболка.

Мрсна и пржена храна

Докажано е дека исхраната богата со масти може да ја зголеми зачестеноста на појавата на мигрени. Но, со намалување на маснотиите последично се намалува и нивниот интензитет и зачестеноста.

Кинеска храна

Натриум моноглутаминатот, соединение заслужно за постоењето на петтиот елемент на вкусот – умами, најчесто го наоѓаме во јадењата на кинеската храна и во преработената храна. Постојат докази дека натриум моноглутаминатот може да предизвика главоболки.

Вештачки засладувачи

Аспартамот е познат вештачки засладувач кој може да ја зголеми зачестеноста на појавата на мигрените.

Алкохолни пијалоци

Алкохолните пијалоци се познати како едни од најпознатите поттикнувачи на мигрените. Меѓутоа, иако причините се многу нејасни, алкохолот не мора секогаш да биде проблем за оние кои патат од мигрени.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина