Меѓу лековитите чаеви белиот и црниот слез имаат посебно место во домашната аптека. Коренот му се вади во октомври, бидејќи тогаш има најмногу слуз во него. Белиот слез е борец против вирусите и настинките и го јакне имунитетот. Тој е и повеќе застапен, бидејќи од дамнина се користи за одбрана од разни болести. Се користи и за олеснување на искашлување и ги ублажува симптомите на астма.

 

Иако е целиот ефикасен, лековитите состојки на слезот се наоѓаат најмногу во коренот. Оној кој е изваден во првата година е најефикасен, бидејќи има најмногу слуз. Подоцна станува подебел и потврд, а со тоа и помалку квалитетен. Прво се лупи и се суши на температура од 60 до 70 степени, за да не потемни, а слузта да не се разложи, а потоа се сецка. Чајот од бел слез се препорачува и за бронхијална астма за лекување за воспалено дебело црево, дијареја и при повраќања кај возрасни и доенчиња. Ја смирува слузокожата на желудникот, посебно во комбинација со камилица. Не е штетен за бебиња кои се стари само неколку дни. Со слезот им се измива носот кога им е затнат.

 

Чај од слез се подготвува така што исецканиот корен се држи два часа во студена и извриена вода, за слузта да може целосно да се екстрахира. Потоа чајот се процедува и се пие неколупати дневно. По желба може да се загрее. Коренот од бел слез во никој случај не смее да се вари, бидејќи тогаш се оддлеува скробот, па напитокот е густ и матен.

 

Во народната медицина популарни се облогите од слез, кои се ефикасни кај сите видови кожни и поткожни чиреви, како и при воспаление на очите. Со нив се лекуваат изгореници, а ефикасно се ублажува и болката. Се подготвуваат така што ситно се ренда коренот од бел слез и се меша со мед. Кашестата маса се нанесува на лелена крпа и се става на проблематичното место. Се менува на два до три часа.

 

Црниот слзе има слично дејство како и белиот. Потекнува од истокот, има црвено-црни декоративни цветови кои ги красат градините. Овие убави цветови се најлековити. Кај нас ги има од јуни до крајот на септември месец. Кога ќе се наберат, внимателно се сушат на темно и ветровито место. Цветовите содржат слуз, танин и антоцијански гликозид алтеин. Пмага за истите здравствени тегоби како и белиот слез. Ова растение сака хумусни, топли сончеви места кои заштитени од ветер.

 

Чај се подготвува така што во 2,5 дл. Вода се става една лажица црн слез и се остава преку ноќ да отстои. Наутро чајот се загрева, се процдува и с епие. За облоги се користи талогот од процедениот чај, кој се меша со јачменово брашно и оваа смеса се нанесува на памучна или ленена крпа, а потоа се става на болното место.

 

Природен сируп против кашлица

 

Кај дишни проблеми се препорачува сируп од бел слез, кој е посебно ефикасен за деца. За негова подготовка потребни се два лимони, 200 гр. шеќер и по две супени лажици сушена жалфија, анасон, корен од бел слез и ленено семе.

 

Лимоните убаво се мијат и цели се сецкаат на мали коцки, се ставаат во тенџере и се мешаат со шечерот и растителните додатоци. Се се прелива со 2 дл. Вода и се вари околу 20-тина минути. По ова време се трга од оган и се остава да се олади. Кога ќе се олади, се процедува низ густа газа. Сирупот се зема три пати дневно со мали кафени лажички.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина