Правилното ракување со контактните леќи е нужно за здравјето на очите. Не треба да се залажуваме дека само почетниците прават грешки во носењето на контактните леќи. Предолгото носење или спиење со леќи се грешки кои знаат да им се случат и на оние кои со години им се верни. Неадеквантната хигиена и неправилното ракување со леќите носат одредени разлики за здравјето на вашите очи.

 

Оние кои носат контактни леќи имаат зголемен ризик од настанок на разни инфекции и болести на очите. За да го одбегнете тоа, со ракувањето со леќи првенствено важна е соодветната хигиена. Одбегнете ги следниве грешки за да го сочувате здравјето на своите очи.

 

Спиење со контактни леќи

Поради пречестото носење на леќи, очите добиваат помалку кислород. Тоа најчесто е закана за оние кои ги носат по цел ден, бидејќи окото не се снабдува со доволно кислород. Иако денес на пазарите постојат меки контактни леќи кои пропуштаат големи количини кислород, офталмолозите и понатаму советуваат да не се спие со контактни леќи.

 

Ваквите леќи ги има одобрено Американската агенција за храна и лекови (FDA). Во одредени случаи можно е продолжено носење, но исклучиво на тие леќи. Нашата рожница нема крвни жили, туку кислород добива во најголем дел од воздухот и ако е тоа нарушено, поради недостигот на кислород рожницата се бори со враснување на крвните жили во неа.

 

Тоа може да потрае со години, а не може да се воочи со голо око туку само со посебен микроскоп, па на крај во некои случаи може да донесе до сериозни проблеми со видот.

Туширање или пливање со контактни леќи

 

Без разлика дали се капете во када, базен или море, контактните леќи мора да се извадат, бидејќи постои голема можност бактериите да дојдат во контакт со вашите очи. Посебно опасен паразит акантамеба може да доведе до воспаление на рожницата.

 

Тоа е воспаление од кое се плаши секој офталмолог, со оглед на тоа што е тешко за лекување и дека како последица може да има и трансплантација на рожницата.

 

Болеста во 90% од случаите е поврзана со носењето контактни леќи затоа пто тие доведуваат до микротраума на рожницата, па овој паразит може да продре во окото. Освен тоа, одбегнувајте да користите вода за да ги измиете контакните леќи. Иако водата е чиста за пиење, не е доволно стерилна. Измијте ги рацете темелно пред ставање на леќите и секогаш мијте ги исклучиво со течноста која е предвидена за нивно чистење. Хигиената на раце е подеднакво важна.

 

Чистете ја и кутијата во која ги чувате контактните леќи, бидејќи со тек на време во нив се насобираат бактерии, кои можете да ги пренесете на очите при нивно ставање.

 

Носење контактни леќи подолго одошто се смее

 

 

Ако сте од оние кои преферираат носење контактни леќи наместо очила, внимавајте. Леќата ја притиска рожницата, таа добива неправилен облик и може да дојде до слабеење на видот. Но, тоа не е единствената негативна страна од предолгото носење на леќи. Ако ги носите подолго од предвидениот рок, разни наслаги можат да дојдат на леќата и да доведат до инфекција.

 

Носителите на контактни леќи имаат 10.000 пати поголем ризик од добивање сериозна инфекција на окото. Но, со одговорно однесување, ризиците од инфекциии од други компликации можат да се сведат на минимум.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина