Иако од погледот на парче богата и кремаста чоколадна торта обично се разнежуваме, а некои дури тврдат и дека тоа може да им го поправи денот, најновите истражувања покажуваат дека претераното консумирање слатка храна може да предизвика сериозни ментални нарушувања, меѓу кои спаѓа и депресијата.

Всушност, Светската здравствена организација тврди дека консумирањето слатка храна треба да се ограничи на 5% од вкупниот дневен внос на калории, додека во државите како Велика Британија дневно се внесуваат двојно, а во САД три пати повеќе од тоа.

Еден во шест луѓе, пак, пати од некој вид ментално нарушување како анкциозноста. Може ли коннсумирањето на преголема количина шеќер да биде причина за тоа? Истражувањата од 2002 година ја истражувале поврзаноста помеѓу депресијата и консумирањето шеќери во шест држави, а резултатите покажале дека испитаниците кои консумирале повеќе шеќери покажувале знаци на депресија. Од него потекнале уште неколку истражувања, од кои едно во 2011 и друго во 2014 година, кои ги потврдиле претходните резултати.

Која е врската помеѓу шеќерите и депресијата?

Научниците не се сосема сигурни во тоа, но некои веруваатдека се работи за промени кои можат да бидат предизвикани во голема мерка од слатката храна. На пример, исхраната која вклучува големи количини шеќери и маснотии ја намалува количината на некои протеини (BDNF), a со тоа го попречува растот и развојот на одредени клетки во мозокот, што можеби може да придонесе за развој на депресија.

 

А тука се и воспаленијата кои често се предизвикани од храна богата со шеќери. Воспаленијата се природна реакција со која телото се бори против микроорганизмите, но ако се оддолжат, можат да предизвикаат проблеми како општ замор и неможност за концентрирање.

Тука е исто така и допаминот. Некои студии наведуваат дека зависноста од слатко е слична со зависноста од кокаин, што значи дека штом количините на допамин во организмот ќе паднат, настапува депресивно расположение и состојба слична на апстиненцијална криза.

Научниците се уште ја истражуваат оваа чудна поврзаност и пред нив е да одговорат на многу поврзани прашања, како она дали шеќерот делува на двата пола исто, дали проблемот е во шеќерите или само во слаткиот вкус и слично.

Но, сепак, сите се сигурни во едно нешто, а тоа е дека секако треба да ги намалиме количините на шеќери кои ги внесуваме во организмот. Бидејќи последиците, ако не на друго место, можат да се видат на телесната вага.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина