Намирници кои го исфрлаат никотинот од организмот
Пушењето е штетно за здравјето и свесни сме за тоа. Меѓутоа, и покрај тоа, некои луѓе не можат да се ослободат од оваа навика. Од друга страна, ако со години сте биле пушач и сте успејале да ги оставите цигарите, последиците од консумирањето никотин можат да траат со години.
Пушењето ги намалува количините на витамините C, E и A. Овие витамини можат да ги заштитат белите дробови од оштетување, па и кога ќе престанете да пушите, задолжително во вашата исхрана вклучете ги овие намирници богати со овие витамини.
- 1. Брокулата е богат извор на витамините C и B5. Исто така, помага и во губењето на телесната маса, а добар е и за трудниците.
- 2. Сокот од портокал исто така е богат со витаминот Ц, и го забрзува метаболизмот на телото. Ако редовно јадете портокали, помалку ќе патите од стрес.
- 3. Сокот од моркови е добар за кожата, кој никотинот исто така ја оштетува. Освен тоа, овој зеленчук изобилува со витамините A, C, K, и B.
- 4. Спанаќот е најдобриот темнозелен лисјест зеленчук. Не само што е богат со витамини, туку содржи и фолна киселина.
- 5. Нарот ја поттикнува циркулацијата на крвта. Затоа, ако сакате да ја намалите потребата за земање никотин, јадете нар. Покрај нарот, на пушачите им се препорачува да јадат киви.
- 6. Водата е одличен сојузник во борбата против пушењето. Според многу истражувања, ако сакате да ги оставите цигарите и да го намалите нивото на никотин во организмот, пијте многу вода, бидејќи пушењето доведува до дехидратација.
Тагови: никотин