Оддржувањето на доволни количини витамин Д во организмот е неопходно за многу аспекти на здравјето, а меѓу нив, според најновите истражувања, и за контролирање на дијабетесот. Иако воглавно тоа не е случај, овој нутритиент би требало да се вбројува во задолжитеен инвентар на орманчето за лекови. Имено, според статистичките податоци, голем број луѓе има дефицит од ,,сончевиот витамин,,. Можно е до тоа да доаѓа поради тоа што тој се наоѓа во мал број намирници, и тоа во многу мала количина. За среќа, природата се погрижила тоа да ни го надомести – познато е дека овој витамин се синтетизира во организмот со изложување на сончева светлина.

 

Што се може?

Витаминот Д помага за подобро апсорбирање на калциумот во организмот и со самото тоа влијае на добивање посилни и поздрави коски (болните од дијабетес се изложени на ризик од скршеници), a неопходен е и во борбата со воспалителните процеси и за силен имунолошки систем. Некои научници малата количина сончева светлина во зима ја доведуваат во врска со фактот што токму тогаш се појавува зголемен број болни од грип и нстинки. Првите резултати од најновите истражувања укажуваат на заклучокот дека кај оние кои се болни од дијабетес тип2 со поголем процент на витаминот Д во организмот се остварува подобра контрола на нивото на шеќер во крвта. Кај оние кои се изложени на ризик од дијабетес тип 2 утврдено било дека колку е поголема количината на витаминот Д во организмот, толку е помала веројатноста за да се развие болеста.
И, тоа не е се! Истражувањата откриле дека постои поврзаност помеѓу ниското ниво на витаминот Д во организмот и зголемениот ризик од компликации со нервите, бубрезите и очите, како и хипертензијата и кардиоваскуларните болести. Но, клиничките испитувања за дејството и адекватната количина на витаминот Д се се уште на самиот почеток и со недоволно јасни резултати. Сепак, она кое со сигурност се знае е дека витаминот Д е неопходен за општото здравје и дека мора да се внесува секојдневно во препорачните дози.

 

Како да се внесува?

 

Како да обезбедиме доволна количина од сончевиот витамин? Ова е посебно важно за сите оние кои имаат потешкотии со одржувањето на соодветни количини од овој витамин во организмот, а меѓу нив се дебелите, постарите луѓе кои помалку се изложуваат на сончевата светлина, оние со потемен тен, оние кои имаат воспалителни болести на цревата или оние кои се подложиле на операција за гастричен бајпас.

 

Најдобри извори на витамин Д се масните риби (лосос, туна, сардина). Го има и во жолчката од јајцето и во телешкиот црн дроб. Некои намирници се обогатени со овој витамин, како што се млекото, сокот од портокал, житарките, па дури и печурките изложени на УВ-Б зраците. Меѓутоа, иако дополнително збогатени, овие намирници и понатаму го имаат витаминот Д во мноу мала количина. На пример, треба да се испијат тринаесет чаши млеко збогатено со витамин Д за да ја внесете препорачаната дневна доза  од 1.500 до 2.000 IJ. Според препораките, најдобриот начин да го поттикнеме телото да создава витамин Д е преку негово поголемо изложување на сончевата светлина, иако не е исклучено ни секојдневното земање суплементи од овој витамин.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина