Добрата циркулација, односно кружењето на крвта во организмот, како што може да се нарече овој процес, е од клучна важност за здравјето, бидејќи на тој начин неопходниот кислород и храна се носат до клетките, а тие се ослободуваат од штетните нус-производи. Колку е важна добрата циркулација, обично станува свесни дури откако таа ќе се наруши и кога ќе започнат здравствени тегоби, кои на почетокот се манифестираат преку студени раце и нозе.

Главни причини кои доведуваат до слаба циркулација се наследните гени, неправилната исхрана, дебелината, лошите навики како што е пушењето, недоволната физичка активност и непридржувањето до советите за време на лекувањето на хроничните болести, како што е на пример дијабетесот.

Болните со наслабната периферна циркулација на нозете и рацете, речиси во 90% од случаите имаат и слаба циркулација во крвните садови на срцето, вратот и главата. Лошата циркулација пациентот обично ја забележува така што ќе забележи дека му студи на рацете и нозете. Покрај тоа, кожата може да поприми модра боја, рацете трпнат и се чувтвуваат болки при одењето. Болките, независно од тоа дали се натколениците, потколениците или стапалата, можат да поминат само по одмор, но пак се јавуваат штом ќе започне нова активност. Ослабената циркулација може да доведе и до несвестица, поспаност, слабост, заборавеност, лоша концентрација, губење на вниманието и ,,трпнење,, во рацете и нозете.

Причини

Комбинацијата од голем број вродени и надворешни ризик фактори, меѓу кои пушењето, дебелината, нарушувања во метаболизмот на мастите, зголемен крвен притисок, недостиг на физичка активност… сите овие се најчестите причини за слаба циркулација. На пример, ако се ,,здружат,, три ризик фактори, можност за заболување од артериосклероза и да се наруши циркулацијата е за шест пати поголема одошто во случаите на пациенти кои ќе ја одбегнат оваа можност.

Лошата циркулација може да биде проследена и со некои пропратни симптоми како што е Рејнолдсовата болест, кардиоваскуларни болести, смрзнатини предизвикани од ниски температури, во случај пациентот на работното место да користи вибрирачка машина (како на пример електрична пила), употреба на лекови кои го стеснуваат луменот на крвните садови, заболувања кои предизвикуваат побавна циркулација на крвта во ситните крвни садови на кожата (жените кои пушат склони се на овие заболувања) и стресот.

Дијагноза

Нарушената циркулација се потврдува со детален лекарски преглед или радиолошка дијагностика (ултразвук, колор доплер, магнетна резонанца, ангиографија). Инаку, првите симптоми за лоша периферна циркулација, и пред појавата на грчеви во листовите, се чувство на студенило како и промена на бојата на кожата на рацете и нозете. Чувството на студ е последица од собраните или затнати крвни садови, што го намалува дотокот на крв во екстремитетите, додека на студено рацете и нозете ја менуваат бојата во црвена, мода се до сина, а можат и да побелат дури. Кога ќе се згрејат, бојата се враќа, но со обратен редослед и притоа се има чувство на пецкање.

Начините на лекување се пред се апсолутна контрола на нивото на шеќер во крвта. Луѓето честопати грешат и не реагираат на време, затоа што мислат дека имаат само малку повишен шеќер над границата и немаат никакви тегоби. Но, токму малку зголемените вредности најмногу ги оштетуваат крвните садови и во тој период додека не се постави адекватно лекување се случуваат неповратни промени на ѕидовите на крвните садови.

Како да се спречи лошата циркулација и како да се лекува

Совети за добра циркулација:

  • престанете да пушите

  • редовно контролирајте го крвниот притисок

  • ако боледувате од шеќерна болест, придржувајте се до терапијата

  • нивото на хоестерол и маснотии во крвта одржувајте го во нормала

  • хранете се правилно и користете суплементи кои ја поттикнуваат циркулацијата

  • редовно вежбајте односно бидете физички активни

  • носете облека и обувки кои овозможуваат нормална циркулација

  • одржувајте ја топлината на стапалата

  • правете хидромасажни вежби

  • почесто пијте топли напитоци

  • одбегнувајте напитоци кои содржат кофеин, бидејќи тие ги стеснуваат крвните садови

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина