Не секое течење на носот е лош знак.

 

Секретот од носот има важна улога во оддржувањето на здравјето. На него се лепат прашината и нечистотиите кои ги вдишуваме, а кои на крај нема да завршат во белите дробови. Организмот дневно произведува две шолји слуз, што придонесува за здравјето – вели докторка Ерин О, Брајен од клиниката Мајо во Рочестер.

 

 

Жолто-зелена

 

Се работи за инфекција. Зелената нијанса ја предизвикуваат ензимите кои ги произведуваат белите крвни зрнца, кои, пак, се борат против инфекциите. Меѓутоа, потребни се повеќе детали за да се утврди дали се работи за вирусна или за бактериска инфекција.

 

 

Повеќето воспаленија на синусите се поврзани со настинка или инфекција на горните дишни патишта предизвикани од вируси – вели О, Брајен. – Вирусните инфекции вообичаено траат од пет до седум дена. Антибиотиците во тој случај не помагаат. Меѓутоа, можете да ја олесните тегобата со назално миење. Ставете четвртина лажичка морска сол во шолја топла дестилирана вода и вдишувајте. Тоа ќе го отстрани воспалението, а ќе ја оддржи влажноста. Ако густата слуз продолжи да тече повеќе од една недела, значи дека вирусната инфекција напреднала во бактериска. Антибиотиците можат да помогнат во скратување на траењето на бактериската инфекција, но ако симптомите не се подобрат ни по 10 дена, тогаш веднаш мора да појдете на доктор, бидејќи може да се работи за хронично воспаление на синусите.

 

Бистра

 

Ваквото течење на нос е најверојатно предизвикано од алергии. Ќе ви стане полесно ако почнете да користите антихистамини.

 

 

Црвеникава

 

Ако забележите крв во слузта, тоа е најверојатно предизвикано од сув воздух. Тоа е слично како и кај испуканите усни. Се работи за пукнатини во тенките ткива во носот. Значи, ќе мора да ги засилите изворите на влага. Користете навлажнувачи на воздухот. Оваа појава е почеста во зимскиот период.

 

 

Жолто-сива

 

Густата слуз со жолто-сива боја може да укажува на полипи во носот – вели О,Брајен. – Полипите се израстоци кои се појавуваат кај хронично воспаление на слузницата на носот. Симптомите се здрвеност на носниците, губење на сетилата за мирис или за вкус. Полипите најчесто настануваат поради долгорочни отекувања и иритации на ткивата во носот предизвикани од алергии или астма. Се третираат со стероиди, кои се наоѓаат во облик на спреј, а во некои случаи потребно е да се изврши и хируршки зафат за да се остранат.

 

 

Сива

 

Ако дувате сиви, стврднати парчиња, можно е да се работи за габична инфекција на синусите. Таа се разликува од вирусните или бактериските инфекции, бидејќи габите се хранат со вашето носно ткиво и се размножуваат. Габичната инфекција на синусите може да се појави поради повреда на носот или поради долгорочно воспаление на носот, но и при ослабнат имунитет.

Тагови: секрет
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина