5 најдобри маски за лице од квасец
Маската од квасец е во состојба да ја трансформира кожата на лицето на чудесен начин. Можеме заслужено да ја наречеме подмладувачка, а се благодарение на високата содржина на витамините Ц, Б и ПП во квасецот.
Овие витамини, во комбинација со останатите супстанции (аминокиселени, ензими и минерали), не само што ја прават кожата мазна и го изедначуваат тенот, туку на кожата и даваат убава кадифеност.
Овој производ можете да го пронајдете во секоја продавница, а она што е најважно, за подготовка на маска се користи свеж квасец, сувиот не одговара. Ова се маски за лице од квасец, кои не само што ќе помогнат за зачувување на младоста и убавината, туку ќе стане следбеник во негата на вашата кожа.
1. Маска со квасец за чистење на кожата на лицето
Најефикасна, но многу ефикасна маска за чистење на лицето од мозолки и митисери се подготвува на следниов начин: потребно е да се раствори помала количина квасец во топла вода, така што да добиете хомогена смеса. Веднаш се нанесува на чисто лице и се остава додека не се исуши целосно. Се мие со студена вода.
2. Хранлица маска од квасец за сува кожа на лицето
1 кафена лажичка мед, 1 супена лажица брашно добро се мешаат со 20 грама квасец. Се разблажува со топло варено млеко, додека да се добие хомогена смеса и се нанесува да стои 20 минути на лицето. Маската се мие со топла вода.
3. Маска од квасец за масна кожа
За оваа маска потребен е кефир (или јогурт) и 20 грама квасец. Се разблажува со конзистенција на ретка павлака и се нанесува на исчистено лице. По 20 минути, маската ќе се исуши. Потоа лицето се мие со топла вода.
4. Маска од квасец за нормална кожа на лицето
Мешаме 30 грама квасец со 2 супени лажици топло варено млеко. Се нанесува на исчистено лице и се остава да отстои 15 минути. Се мие со топла вода.
5. Избелувачка маска од квасец
Ооваа маска не само што добро ја избелува кожата, туку и ја храни. Треба да се земе 20 грама квасец и да се измеша со 2 кафени лажици лимонов сок. Можете да користите и сок од грејпфрут или црвена рибизла.
Потоа, кога ќе ја измешаме маската, го ставаме садот со неа во друг сад со врела вода на 2-3 минути. Ја нанесуваме маската на лицето и вратот на 20 минути. Маската треба да се измие со топла вода, по што се нанесува хидратантна крема.
Не треба да се претерува со маските. Маската со квасец е идеално решение за вашето лице, ако ја употребувате 1-2 пати неделно.