За успешна трансформација на вашето тело,прво морате да го трансформирате вашиот ум. Било кое време и место е добро за старите, добри склекови. Ако на овој начин и пристапите на вашата фитнес трансформација за да можете интелегентно да го искористите вашето слободно време, кое сигурно го имате сосема малку, на правиот пат сте да постигнете добар резултат. Девојки, продолжете да читате, ова важи и за вас!

Склековите се вежби со кои првенствено се ангажираат градните мускули и трицепсот, потоа и мускулите на предниот дел на рамената и мускулите меѓу ребрата. Но, за време на правењето склекови голем број на мускулни групи на телото и рацете се ангажирани како стабилизатори, овозможувајќи правилно да се изведува оваа вежба. Ова значи дека склековите се вежби кои ги зајакнуваат и стомачните мускули.

Многу луѓе ќе ви ги објаснат правилните позиции на рацете за време на изведувањето склекови, но секогаш се работи за една иста позиција на телото. Меѓутоа, различните позиции на рацете можат на разни начини да ангажираат различни мускулни групи во телото. Најважно е за време на изведувањето на склековите рамената да се држат правилно, како и задникот и нозете, и да се спуштате се додека не бидете на неколку сантиметри од подот.

 

 

sklekovi_naslovna

 

1. Започнете со трансформацијата така што уште денес ќе направите склекови колку што можете, не мора во теретана, туку на било кое место каде што ќе можете да ги изведете и во било кое време. Здодевните моменти сигурно се добри за да изведете неколку добри склекови.

2. Чекате нешто да се спушти од интернет? Клекнете на по и направете 20 склекови! Чекате водата да ви зоврие за да подготвите кафе ? Направете уште 20 склека! Дали знаете колку траат рекламите на телевизија ? Таман за да направите уште 20 склека! Со ова ќе ги обучите вашето тело и ум да се адаптираат и да го перцепираат изненадувачкото вежбање како нормално.

3. Кога ќе почнете да правите по многу склекови , не заборавајте да ја промените тактиката. Постојат повеќе видови на склекови, раширете ги рацете,спојте ги рацете, користете само една рака…За додатна мотивација разгледајте го нашиот портал и темите претходно напишани за склековите.Со овој вид на притисок ќе вежбате разни аспекти на рацете, рамената,торзото и градите во целина. Природно е да ги зголемувате сериите на вежбање, како што вашите мускули ќе стануваат посилни.

4. Без разлика на она што го правите во текот на денот, склековите нека ви станат како најдобар пријател. Ова ќе ве мотивира и инспирира. Покрај тоа зголемувањето на продуктивноста на работа е неизбежно. Побрзото и помоќно пумпање ќе ја забрза циркулацијата на крвта во мозокот, па вие ќе бидете повеќе сконцетрирани на задачите кои ги извршувате.

5. Напорно вежбајте и никогаш немојте да се сожалувате себеси. Употребувајте емоции за да го зајакнете тренингот. Од сите работи во животот за кои треба да се грижите и да водите сметка, треба да имате приоритет кон вашето тело, тоа треба секогаш да е на прво место. На крајот, тоа доживотно ќе биде ваше. Земете ја работата во своите раце, пружете си фантастично чувство во фантастично обликувано тело.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.