Џогирањето спаѓа во групата на кардиовежби.Под џогирање се подразбира трчање по рамен терен, со едно нормално и пријатно темпо.Научниците од Американската асоцијација за спортска медицина, неодамна објавија голем број на научни студии кои укажуваат на тоа дека џогирањето е интензивен тип на физичка вежба, која нуди голем број на бенефиции кои се корисни за здравјето.

Jogiranje naslovna

 

Една од главните причини која ги потврдува добиените резултати од истражувањата, е дека телото дава одговор на секоја вежба, што значи дека колку што е вежбата потешка и покорисна, така и резултатите се подобри. Џогирањето е лесен, евтин и функционален тип на вежбање кој ефикасно ги согорува вишокот телесни маснотии.

Добрите страни на џогирањето се :

– Ја подобрува кардиореспираторната активност на срцето

– Го подобрува функционалниот капацитет на белите дробови

– Ги зајакнува коските

– Го намалува нивото на стрес

– Го зголемува лачењето на ендорфин

– Дава поголемо чувство на сила и енергија

– Го намалува интензитетот на главоболката

– Заради подобриот физички изглед, се зголемува самодовербата

Резултатите од една студија покажаа дека лицата кои џогираат околу  25 километри за 7 дена, значително го намалуваат нивото на холестерол, некои и до 50%, како и крвниот притисок.

Со каков интензитет треба да се џогира?

Американскиот колеџ за спортска медицина ги објави следниве препораки:

1.Фреквенцијата на џогирање треба да биде од3-5пати неделно.

2.Интензитетот на вежбање треба да биде во границата од 55 до 90% од максималната срцева фрекфенција.

3.Времетраењето на џогирањето треба да биде 20-60минути, континуирано или со испрекинати посилни интервали

Сугестии пред џогирање:

-Сите почетници би требало пред џогирањето, да се потрудат барем неколку дена да вежбаат брзо одење, зада стекнат малку кондиција.

– Обидете се секогаш да се храните здраво и добро да го избалансирате внесувањето на сите потребни состојки за вашиот организам.

– Избегнувајте оброци во рок од 90минути пред да започнете со џогирање.

– Избегнувајте го џогирањетово најтоплото време од денот, особено во летниот период

– Пијте многу вода пред да започнете со џогирање, за време и по џогирање.

– Носете лесна облека и соодветни обувки за време на активностите и секогаш со себе имајте го мобилниот телефон.

– Носете на себе некој рефликсивен материјал (препорачливо дречливо жолта, портокалова или зелена боја), или некаква ознака доколку џогирате наутро или во текот на ноќта, пред се поради безбедносни причини.

– Ако на некој начин се повредите во текот на џогирањето, автоматски запрете го вежбањето и побарајте лекарска помош.