Ако се врзете за лентата за трчање, не мора да значи дека ќе ја постигнете целта

Лентата за трчање може да биде одличен избор ако надвор времето не е убаво и врне. Но, кога е сончево и убаво, треба да се излезе во природа. Ако живеете во поднебје каде постојано врне, можете да тренирате преку Интернет и да ја претворите собата во вистинска забава. Клучот за успех лежи во мотивираноста, забавата и разновидноста на вежбите. А, надвор, пак, можете да направите добар тренинг, без да одите во скапи теретани.

 

Ако секојдневно правите чучнувања, ќе ослабнете

Чичнувањата се основа на секој тренинг, но се фокусираат само на мал дел од вашиот стомак. Ако сакате да ги постигнете тие малку центиметри, ќе мора да тренирате понапорно. Вежбите со тегови се поефикасни од чучнувањата. Доколку ви се трупа сало на стомакот, мора да се ставите на добро испланиран режим на исхрана. Исфрлете го шеќерот и внесете протеини во секојдневната исхрана.

 

Колку повеќе се потите, толку повеќе ќе ослабнете

Тренинг полн со потење нема да ве направи послаби во еден ден. Колку ќе се потите зависи од телесната подготвеност на телото, од генот и од температурата на просторијата во која вежбате. Потта не значи дека тренингот ви е напорен, туку начин со кој телото се лади за да ја регулира температурата. Многу жени можат да забележат напредок по тренинг, но тежината која тие ја имаат загубено не се масти, туку вода. Форсирањето на телото на дехидрираност може да биде опасно. А водата која сте ја исфрлиле ќе се врати кога ќе внесете нова количина вода. Колку ви е поинтензивен тренингот, толку повеќе калории ќе согорите и толку повеќе маснотии ќе загубите, но тоа нема да се случи поради потењето.

 

Без болка нема напредок

Ако не можете да одите или да седнете нормално после тренинг, тоа значи дека сте претерале. Укоченоста е хемиска реакција на воспаление и не е индикатор дека мускулот расте. Единствено што може да го измери вашиот учинок е резултатот. Судете за тренингот врз основа на она што му се случува на телото додека тренирате, а не врз основа на болката и воспалението.

 

vistina-za-fitnes

 

Јагленхидрати не смеат да се внесуваат после 18.00 часот

Јагленхидратите отсекогаш биле главен виновник за масните наслаги. Погрешната перцепција дека големите оброци навечер се причина зошто се дебелееме, доведе до големи заблуди. Причината за натрупување на килограмите е таа што не сте доволно активни. Ако сакате да ослабнете, мора во се да барате баланс. Претерувањето во јадењето и недостигот на тренинг се виновни за несаканите килограми, а не јагленхидратите. Тие ни се потребни за мозокот да може да работи уште подобро и за да имаме дополнителен извор на енергија.

 

Здраво е затоа што не содржи глутен

Летото е идеален период за излети, затоа немојте да се залажувате со глутенот. Јадете здраво и уживајте во наградата која доаѓа во викендот. Диетите без глутен се илузија. Ако нешто не содржи глутен, не значи и дека е здраво. Секако, ако сте нетолеранти на глутен, морате да внимавате што внесувате.

 

Тежините се за мажи

Една од најголемите заблуди е дека жените не треба да креваат тегови, за да не добијат дополнителна мускулна маса. Подигањето на тегови нема да направи од вас Арнолд Шварценегер, туку ќе помогне во слабеењето и согорувањето на калориите. Освен тоа, тежината ја зголемува издржливоста на коските и зглобовите. Ако немате тегови, наполнете шишиња со вода. Доколку ви се лесни, наполнете ги со песок.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина