Пред дваесеттина години во продавниците наидувавме на бел кристал шеќер, произведен од шеќерна репка, а денес шеќерот можеме да го бираме во зависнст од тоа од кое растение е направен, според гликемискиот индекс и по степенот на обработка.

Сите шеќери во организмот на крај се разложуваат на гликоза и фруктоза. Гликозата е појдовната точка за одредување на гликемискиот индекс (ГИ), односно според него се одредува како одреден вид на храна, па така и другите видови шеќер, делуваат на неговиот раст во организмот два или три часа по консумирањето на одредена храна. Секоја храна која има ГИ 50 и помалку од тоа се смета за попожелна и поздрава, посебно кога се работи за контролирана исхрана. Меѓутоа, ретко кој шеќер, без оглед на начинот на производство, има низок индекс, па повеќе може да се зборува за содржината и за другите нутритивни својства.

 

Бел шеќер

 

Во светот овој шеќер се прави од шеќерна репка и од шеќерна трска. Се работи за процесиран шеќер, кој поминал бројни хемиски и механички обработки пред да стигне до изработка. Составен е од 50% фруктоза и 50% гликоза, нема никаква нутритивна вредност, не содржи масти, протеини, туку само јагленохидрати, односно веќе споменатите шеќери, а во 100 грама има 400 калории.

 

Кафеав шеќер

 

Настануваат од разни растенија. Нивната кафеава боја доаѓа од меласата која во производниот процес не е целосно отстранета. Стручњаците тврдат дека најмалку преработуван и најдобар шеќер е Рападура, бидејќи во производниот процес не е одделуван од меласата, а кој во себе содржи се уште минерали, витамини и ензими.

 

Кафеав шеќер од шеќерна трска

 

Постојат уште бројни видови кафеав шеќер како што е оној од шеќерна трска (Мусковадо или Барбадос). Во производниот процес не му е одземена меласата, значително е влажен и во себе содржи минерали, што го прави малку поквалитетен од белиот рафиниран шеќер. Но, неговиот ГИ(гликемиски индех) е особено висок, иако не толку како кај белиот шеќер.

 

Шеќер од палми и кокос

 

И двата, во суштина, се шеќери произведени од палма, само што се од ралични видови – од палма палмира, потоа од палма од урми и од кокосова палма (Јагери или Гур). Интересно е што пред производството на кокосовиот шеќер не се користи плодот кокос.

Бојата од шеќерот од палма варира од златно-кафеава до темнокафеава, а најчесто се минимално процесирани. Имаат гранулест изглед. Во оваа група на шеќери за најздрав се смета кокосовиот, кој има низок ГИ и кој содржи нутритивни вредности, како и минерали и витамини.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина