Храна која го сопира претераното потење
Претераното потење им задава маки на многумина, а еве како можете да се ослободите од оваа непријатна состојба со помош на храната.
Потењето е природен процес, но претераното потење воглавно прави да се чувствуваме непријатно, посебно на работното место и на јавни места.
Најновите истражувања покажале дека слаткиот компир може да го регулира проблемот со прекумерното потење. Овој компир, познат и под името батат, содржи витамини и магнезиум и помага во смирување на нервите, го регулира стресот и го намалува крвниот притисок. Стресот ја поттикнува работата на хормоните и на адреналинот, па со тоа и на потењето на нервна база, но магнезиумот од овој компир го регулира стресот и го спречува потењето.
Слаткиот компир е богат и со витаминот Б6, кој го намалува ризикот од дегенеративните болести, вклучувајќи го срцевиот удар, додека витаминот Д во него позитивно влијае на здравјето на коските. Портокаловата боја на слаткиот компир значи дека овој зеленчук има високо ниво на антиоксиданси, а некои истражувања докажуваат дека каротеноидот го намалува ризикот од развој на канцер на белите дробови.