Менопаузата или престанокот на менструацијата означува завршеток на репродуктивниот циклус кај жената, кој вообичаено се јавува помеѓу 45 до 55 година од животот.

Менопаузата може да настапи и помеѓу 40 и 60 година, но и порано, како последица од операција или болест. Поимот менопауза често се користи за да се опише цел еден период кој претходи и кој следи по престанок на менструалните крварења (постменопауза). Еве неколку погрешни стереотипи поврзани со овој период од животот.

Менопауза значи дека сте стари

Просечната старост во која настапува менопаузата (што значи дека менструација сте немале цела една година) е 51 година од животот, што и не е толку старо во денешно време. И понатаму можете да имате пред себе полно среќни и здрави години, па и десетлетија. Ретки се, но постојат случаите во кои жените влегуваат во менопауза во 28 година од животот. Причината за тоа воглавно е непозната, но се верува дека е од генетска природа. Ова е уште еден доказ кој потврдува дека менопаузата не значи и старост, бидејќи жена на 28 години е се, само не е стара.

Ќе се здебелите

Многу жени се жалат на трупање килограми при влегување во менопауза, но дебелеењето не е неизбежно. Забавувањето на метаболизмот е причина за стареење, а не менопаузата. На пример, една жена во своите дваесетти години во повеќето случаи ќе има побрз метаболизам одонаа во триесеттата година од животот. Забавувањето на метаболизмот се случува и кај мажите, па затоа нема причина менопаузата да се смета за виновник за дебелеењето. Внимавајте на исхраната, зголемете ја телесната активност и нема да се здебелите.

Ќе станете депресивни

Истражувањата покажале дека повеќето жени минуваат низ менопаузата без некои значајни промени на расположението. Некои изјавуваат дека периодот од 45 до 55 година од животот им е најубав. Таа легендарна нерасположеност во текот на менопаузата е главно предизвикана од појавата на нападите на толина – валунзите. А, и стресот исто така делува на расположението.

Менопаузата ја уништува кожата

Кожата со годините постепено ја губи еластичноста и станува почувствителна. Во текот на менопаузата тоа може да биде поизразено. Сепак, промените и недостатоците кои ги забележувате се најверојатно последица од оштетувањето на кожата од сонцето, пушењето или можат да бидат од генетска природа. Исто така, пушачите во менопаузата можат да изгледаат за десет години постари од нивните врсници.

Завршен е вашиот сексуален живот

Без разлика на возраста, сите жени понекогаш се жалат на сексуалниот живот. Во едно истражување биле тестирани жени на возраст од 18 до 59 години, кои изјавиле дека во изминатите години доживејале неколку месеци незадоволство од сексуалниот живот. Хормоните играат важна улога, но желбата и потребата за секс повеќе зависи од квалитетот на врската, отколку од нивото на хормоните. Голема улога игра и количината на сон, стресот, нивото на самопочит и самодоверба. Сувоста на вагината може да биде проблематична, но добар лубрикант може да помогне да се реши тоа.

Менопаузата е многу непријатно искуство

Без разлика на валунзите, кои се најчест симптом на менопаузата, малку жени тврдат дека тие биле толку неподносливи за да им претставуваат проблем да функционираат. Расположението и чувствата за време на менопаузата зависат од опкружувањето во кое живее жената. Ако се задоволни од животната ситуација, ќе поминат низ менопаузата без претерани непријатни искуства.

Сите треба да земаат хормонски додатоци

Не треба сите жени да земаат хормонски додатоци. Многу жени кои почнале со хормонална терапија се имаат откажано за една година, бидејќи не им се допаднале нус-појавите од неа. Денес, се помалку жени практикуваат хормонална терапија, бидејќи докторите ги имаат запознаено со поенцијалните опасности кои вклучуваат ризик од настанок на рак на дојката и кардиоваскуларни болести.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина