Нормалниот циклус на раст на косата трае околу 2 – 3 години (анагена фаза). Секое влакно расте околу 1см. месечно во текот на оваа фаза. Во секој миг околу 90% коса на темето расте, а 10% е во фази на мирување (телогена фаза). По 3 – 4 месеци влакната кои биле во фаза на мирување паѓаат, а на нивно место расте нова коса. Зголеменото опаѓање на косата може да се јави во секое годишно доба кај децата, жените и мажите. Повеќето луѓе губат по 50 – 100 влакна секој ден. Бидејќи на главата има 100.000 влакна, ова минува речиси незабележливо. Постепеното тенчење на косата се смета за нормален дел од стареењето. Но, опаѓањето може да се јави како последица од некое друго заболување: неколку месеци по прележана болест, операција, породување, хормонски нарушувања (тироидни хормони, тестостерон, естроген), воспаленија на забите, воспаление на внатрешните органи, анемии.

Косата многу ни кажува за нашето телесно здравје. Затоа, ако се работи за некој вид на инфекција, нејзините последици се одразуваат на косата и неколку месеци подоцна. Што се друго може да биде причина за опаѓање на косата, погледнете во продолжение.

Лоша исхрана – недоволно внесување на одделни аминокиселини (цистеин, метионин), железо, бакар, цинк и некои витамини, кои можат да доведат до недостиг на супстрат за создавање влакна.

Медицински третмани – хемотерапија и зрачење (радиотерапија) можат да доведат до опаѓање на косата. По третманот косата почнува повторно да расте. Многу жени 3 месеци по породувањето забележуваат засилено паѓање на косата, кое е хормонски предизвикано. Оваа коса повторно израснува кога хормоните ќе се вратат во рамнотежа.

 

kosa

 

 

Некои лекови – доведуваат до опаѓање на косата (антикоагуланси, орални контрацеприви, антидепресиви, ретиноиди).

Габични инфекции – овие инфекции на кожата на главата можат да предизвикаат опаѓање на косата. Тоа може да биде и симптом за некоја друга болест, како на пр. лупус или анемија, па треба да му се придаде значење.

Премногу хормони – околу 40 % од женската популација страда од прекумерно опаѓање на косата, од што исто така страдаат и мажите, но разликата е во тоа што опаѓањето кај нив е поврзано со хормонскиот дисбаланс. Причината за тоа е нарушената рамнотежа помеѓу машките и женските хормони во организмот.

Отровна хемија – честите контакти со средства за чистење, долготрајното боење на косата како и лековите, можат да делуваат неповолно врз коренот на влакната и да бидат причина за ,,рамномерно распределно опаѓање на косата,,. Внимателно читајте ги упатствата за употреба на средствата и одбегнувајте боење на косата. Ако веќе не можете без боење на косата, подобро да ги замените со природни состојки и природни преливи.

Превентива

Правилната исхрана е неопходна за да ја вратите рамнотежата. Треба да користите препарати со соја, кои се богати со фитоестроген. Комплексите од витамини и минерали за јакнење на косата содржат комплекс од витамини од групата Б, витамин Х – биотин, фолна киселина и аминокиселини, кои ги градат кератинските влакна од кои се изградени косите и минералите железо, бакар, цинк и силициум. Ако не ви помогнат шампоните против опаѓање на косата, се советува преглед на доктор, кој ќе ви направи тестови на крвта и на хормоните. Ако не помогнат шампоните, тогаш крајно решение е пресадување на коса, од места на кои има доволно коса на оние на кои нема.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина