Есперти од Универзитетот во Минхен спроведувале истражување 10 години и утврдиле дека депресијата е виновник за 15% од срцевите инфаркти. Дебелината предизвикува 21% срцеви напади, а високиот притисок – 8,4%.

Научниците тврдат дека ова истражување од суштинско значење, бидејќи од депресија страдаат 350 милиони луѓе ширум светот, според податоците од Светската здравствена организација.

Сега се поставува прашањето каква е врската помеѓу депресијата и другите ризик фактори, како што се чадот од тутунот, високото ниво на холестерол, дебелинат а и хипертензијата и колку голема улога игра секој од нив,, – вели професорот Карл Хајнц Ладвиг, кој го предводел ова истражување.

Неговиот тим ги анализирал податоците од 3.428 машки пациенти на возраст од 45. до 74. Нивната состојба била следена во период од 10 години, а при тоа го анализирале влијанието на депресијата врз срцето, споредувајќи ја со четирите најчести ризик фактори: високиот притисок, високото ниво на холестерол, пушењето и дебелината.

Од 557 починати, 269 починале од срцеви заболувања. Докажано е дека во 155 од случаите депресијата била клучна, додека високиот притисок е поврзан со 8,4 % од смртните случаи, а 21,4 % со срцевите заболувања.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина