Бозелот со векови им гарантирал здравје на сите оние кои го употребувале во домаќинството, било како чај, сируп или на некој друг начин. За неговата лековитост пишувал и познатиот Кнеип, германски народен доктор.

 

Бозелот како лек – рецепти а сируп и чај

 

Кнеип дури препорачувал луѓето да засадуваат бозел дома. Од ова лековито растение најпрво се користи цветот, кој се суши за чај. Цветовите се берат додека не се се уште отворени.

 

Бозел – помош при разни болести

 

Делувањето на чајот од бозел се цени поради јакнењето на одбранбената сила на организмот и како одлично средство за потење, кое треба секогаш да се има при рака кога ќе се појават првите симптоми на настинка и грип. Две шолји врел чај од бозел се доволни да го поттикнат организмот на потење, со што се исфрлаат отровите од телото и се спречува развојот на настина и грип. Ист ефект може да се постигне со чај од цветовите на бозелот во еднаква количина и цветот од липа, кои ќе помогнат и кај воспалео грло.

 

Бобинките од бозелот го поттикнуваат метаболизмот во организмот и се особено ефикасни кај разни ревматски болести и кај невралгија.

 

Рецепт за чај од бозел

 

Една полна лажица цветови од бозел се прелева со два децилитри врела вода и се остава да отстои поклопено десет минути. Потоа се пие колку што е можно потопло и веднаш треба да се легне во кревет и добро да се покриете.

 

Сируп од бозел

 

 

Состојки:

 

  • 30 големи цветови бозел
  • 2 кг. квалитетен мед
  • 3 литри вода
  • сок од 3 лимони

Подготовка:

 

Цветовите бозел се прелеваат со 3 литри вода и се оставаат да отстојат околу 24 часа. Потоа се процедуваат и им се додава медот. Смесата се вари на тивок оган околу 4 – 5 минути, со често мешање, додека не почне да врие. Потоа се трга од огнот, се додава сокот од трите лимони и се става во претходно подготвени стаклени шишиња. Вака добиениот сируп се чува на студено и темно место.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина