Потребни состојки:

  • 200 гр. урми (без семки)
  • 100 гр. мелен рогач,

малини (наместо малини, може да се користат јагоди, цреши, банани, јаболки, портокали или овошје по желба)

Уште ќе ви треба и:

  • хартија за печење
  • сукало
  • нож и даска за сечење
  • блендер

Подготовка:
Ставете ги урмите и рогачот во блендер и мелете ги додека не се соединат убаво. Ставете еден лист хартија за печење во плех за печење и врз него ставете ја смесата од урми и рогач. Врз неа ставете уште едно парче хартија и со сукало формирајте правоаголен облик од смесата. Отстранете го горното парче хартија и израмнете ги рабовите. Ставете ги малините одозгора и свиткајте ролат.. Оставете го ролатот околу еден час во фрижидер. Исечете го и послужете.

Добар апетит!

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина