,,Змиското грозје,, е многу распространето растение, кое сака места под сенка и влажни места, а често знае и да се ,,качува,, по ѕидови. Може да порасне и до 4 метри, тенко е, со наизменично распределени шилести и срцевидни листови. Цветовите не му се нешто посебно убави, грозновидни му се и мали, но затоа плодот му е многу интересен, но и бара внимателност. Имено, црвените бобинки од ова растение се многу вкусни, но се и отровни. Познавачите тврдат дека од ова растение страдал францускиот книжевник и филозоф Жан Жак Русо, бидејќи верувал дека нешто кое има толку убав вкус не може да биде отровно.

Лековити својства

Плодот од ,,змиското грозје,, го споменуваат народните доктори како одличен за лекување на изгореници, а препорачуваат и напролет да се приготвува чај од неговите листови, со цел да се закрепне организмот по зимата. Свежиот корен може лесно да ја изиритира кожата, па се советува никогаш да не се бере без ракавици. Токму најголемата количина на отров е во него и во плодот, па затоа треба голема внимателност со овие негови делови. Коренот најповеќе се користи за надворешна употреба, и тоа за лекување реуми, ишијас и болки во половината. Добар е и кај болести на кожата, модринки и хематоми. Сокот, цветот и листот се користат поретко, бидејќи може да предизвикаат силно повраќање. Наместо коренот, најдобро е да се користат листовите. Тој, како што велат поупатените, ги спречува варирањата на крвниот притисок и појавата на вирусни инфекции. Ова растение содржи во себе соединение кое е најблиску со она на хистаминот, а има и значителни количини на слуз, кристал на калциумовиот оксалат. Младите никулци се добри при проблеми со слаба циркулација, плодот успешно намалува херпес, а некои народни доктори велат дека е успешен во лекувањето на псоријаза. Сепак, било да се одлучите за коренот, плодот или цветот на ова растение, не смеете да го користите без претходна консултација со негов добар познавач, затоа што неправилното користење може само да создаде дополнителни проблеми. Бремените жени не смеат во никој случај да го користат, како ни оние со малигни заболувања.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина