Секс за време на менструација – да или не?
Најмногу предрасуди постојат за сексот за време на менструација. Секако, малку е неуреден, но дали навистина треба да се откажете од сексот во тоа време во месецот?
Еве некои факти кои можат да ве натераат да се предомислите:
1. Сексот може да го намали времетраењето на менструацијата. Веднаш по сексот, посебно ако е добар, а доживеете оргазам, крвта може да ја зголеми алокацијата. Тоа значи дека поради внатрешните контракции на мускулите активен бил ендометриумот, па тогаш крварењето за време на циклусот опаѓа.
2. Сексот ја намалува менструалната болка. За време на оргазмот се ослободува ендорфин, кој ја ублажува болката. Колку повеќе оргазми, толку помалку болки – доволно добра причина за секс за време на менструацијата.
3. Сексот го намалува стресот, типичен СМС – повторно поради истиот ендорфин.
4. Да, сексот за време на циклус може да биде уште попријатен од обичниот. За време на овој период, жената станува почувствителна, не само емотивно, туку и физички.
5. Сексот за време на циклус е апсолутно безбеден за мажите.
6. Доколку имате сексуални односи за време на менструација, секогаш постои можност за забременување, па не смее да се заборави да се користи заштита. Веројатноста за бременост за време на циклусот е поголема кај оние жени со неправилни циклуси. Непредвидливата овулација на циклусот и машките сперматозоиди, кои можат да живејат и до 7 дена, можат да доведат до несакана бременост.
7. За време на менструацијата, жените се почувствителни на сексуално преносливите болести поради отворената матка, што е уште една причина за користење заштита.