Ако сакате да дознаете дали имате предиспозиција за развој на дијабетес, доволно е да направите анализа на жива капка крв. Промените во квалитетот на крвта и изгледот на нејзините составни елементи се јавуваат пред појавата на првите симптоми на некоја болест, и поради тоа овој метод е значаен како превентива.

 

Функционалното хемоскенирање претставува микроскопски преглед на капка крв со зголемување од 1.800 пати. Преку анализа на капка крв се добива одговор каков квалитет ни имаат црвените крвни зрнца и во колкава мерка ја вршат својата основна функција, а тоа е пренос на на кислородот до сите клетки во организмот. Потоа исто така се гледа каков квалитет имаат белите крвни зрнца и способноста на нашиот организам да се избори со различни типови микроорганизми.

 

Оваа анализа покажува дали имаме склоност да заболиме од некоја кардиоваскуларна болест, дали во организмот постои некој воспалителен процес, колку сме хидрирани, дали сме под дејство на стрсогени и токсични фактори, дали имаме склоност кон хормонски дисбаланс… Со хемоскенирање се открива и присуство на микроорганизми во крвта – бактерии, габи, паразити…

 

Врз основа на присуството на кристалите на холестерол, мокрачната киселина, шеќерот и ортофосфорната киселина се добива увид во состојбата на вкупните метаболички процеси. Исто така, оваа анализа ни кажува дали постои нарушување на рамнотежата на добрите и штетните цревни бактерии, што доведува до слабеење на имунолошката заштита.

 

Хемоскенирањето е исклучително значајно при проценка на моменталната здравствена состојба на организмот и нивото на внатрешна рамнотежа или хомеостаза.

 

Многу важна информација која се добива при прегледот е состојбата на киселост на крвта. Оддржувањето на блага алкалност на крвта и ткивата обезбедува здраво функционирање на организмот.

 

 

Дали ви е организмот кисел?

 

Поради стресниот начин на живеење, неадекватната исхрана, интоксикацијата, недостигот на физичка активност и негативниот емоционален набој, денешниот човек е ,,кисел,,, поради што неговиот организам станува поранлив, поподложен на развој на болести и влегува во црвена зона на функционирање кога му се потребни промена и помош. Кога со хемоскенирањето ќе се утврди киселост, само со некои едноставни промени во начинот на исхрана и животните навики може да се постигне алкализација.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина