Од бројното семејство на зимзелени четинари, народната медицина на посебно место го става борот (лат. Pinus). За него од дамнина се знае дека е ефикасен во лекувањето на реума, кашлица и белодробни болести, прочистување на дишните органи. Докажано е дека прошетката и престојот во борова шума делува поволно на респираторните органи и на штитната жлезда. Кај борот, сите делови се лековити, а најефикасни се доколку се собираат за време на февруари, март се до април месец. Од многубројните видови, по ефикасноста се издвојува белиот бор (лат. Pinus silvestris), кој расте во планинските делови на Европа и северна Азија. Се препознава по чиниестата, ретка круна. Четините се во пар, долги до 7 сантиметри, често свртени кон својата оска, додека шишарките се јајчести по облик. Кај возрасен бел бор, долниот дел од стеблото е сиво-кафеаво и дебело, додека круната има тенки, црвенкасто-кафеави лушпи.

Најскапоцена лековита состојба на белиот бор е етеричното масло. Докажано е дека во неговите иглички има присуство на витаминот Ц, а количината зависи од староста на дрвото, годишното време како и периодот кога се собираат игличките и колку се иситнети. Најголем процент на витамин Ц имаат ако се берат во април. Свежо исецкани и издробени, изобилуваат со витамин Ц и се користат за чај. Најдобро е да се потрошат штом се наберат, бидејќи со сушењето го губат витаминот Ц, а со тек на време стануваат безвредни.
Планинскиот бор (лат. Pinus montana) исто така има скапоцено место во народната медицина. За разлика од белиот, овој четинар нема облик на дрво, туку расте неправилно разгранет. Тој е важен поради своето етерично масло, кое е посебно важно и ефикасно при инхалации кај сите воспаленија на дишните патишта и кај заболувања на белите дробови. Кај малите дека кои имаат рахитис или проблеми со одењето, им помагаат секојдневните бањи од по 15 минути со иглички од планински бор, во текот на два до три месеци.

Чај против кашлица

Од младите фиданки на планинскиот бор, собрани на крај од зимата и почеток на пролетта, се подготвува чај. Односнот со водата е 1:10. Се засладува со мед, а е ефикасен при застарени катари на дишните патишта, зарипнатост, кашлица и бронхитис. Може да се користи и за инхалација.

Ревматизам

Кај ревматизам и гихт исклучително е ефикасно млекото со борови иглички. Оваа мешавина се подготвува така што секој ден во месеците на собирање се берат по 30 грама свежи борови иглички, кои потоа се прелеваат со еден литар врело млеко. Мешавината се остава да отстои 25 минути, се процедува и се пие во текот на денот во мали голтки. Терапијата трае неколку дена.

Бања

На оние кои се исцрпени од долготрајна болест, кои имаат ревматизам и гихт, како и кај оние деца кои имаат рахитис, се прави борова бања. Се подготвува така што 4-5 грста исецкани суви иглички се ставаат во 5 литри топла, но не врела вода. Се оставаат да отстојат 30 минути на топла и исклучена рингла или топла рерна, за да се зачува топлината. Потоа се процедува и се сипува во када во која има вода.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина