Маслиновото масло од дамнина се користи за многу цели – од здравје, преку нега се до исхрана. Она што го прави супер храна е високото ниво на мононезаситени масти кои се содржат во него, посебно олеинската киселина и разни антиоксиданси. Еве зошто е добро секој ден да се консумира по една лажица од него.

Антиканцерогено дејство

Својствата на екстра девственото маслиново масло помагаат против неколку видови рак. Кога биле извршени испитувања, најдобри резултати се покажале во случај на рак на дојката и органите за варење.

Деменција

Една од главните причини за Алцхајмеровата болест е зголемената акумулација на бета-амилоиди во мозокот. Тим на стручњаци од Универзитетот Монро во Луизијана, САД, открил дека олеоканталот, соединение кое гои ма во есктра девственото маслиново масло, има моќ да го контролира нивото на бета-амилоидите и значително го зголемува нивното чистење.

Шеќер во крвта

Екстра девственото маслиново масло покажало способност да ја намали зачестеноста на дијабетесот. Тоа може да биде од голема помош во лекувањето на дијабетесот тип 2, кога се консумира, но и кога се користи за надворешна употреба.

Крвен притисок

Една студија објавена во стручното списание Archives of Internal Medicine, покажала дека оние учесници кои имале висок крвен притисок на крајот го намалиле земањето на лекови, благодарение на консумирањето на 30-40 гр. екстра девствено маслиново масло секое утро.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина