Здравата исхрана и вежбите за тело се важни ако сакаме да имаме долг живот и здраво срце. Стручњаците предлагаат седум намирници кои треба да се консумираат за да се зачува здраво срцето и да се подобри имунитетот. Еве кои се тие.

Интегрални житарки

Ако го замениме белиот леб со леб кој содржи интегрални житарки, можеме да го намалиме ризикот од добивање коронарни болести и срцев удар. Обичното брашно нема здравствена полза каква што имаат интегралните житарки.

Јаткасто овошје

Можеби имаат голема количина на масти, но незаситените масти го подобруваат здравјето на срцето. Студиите покажале дека дневното консумирање на една порција јаткасто овошје го намалува ризикот од добивање коронарна болест.

Чоколада

Студиите имаат покажано дека оние кои редовно консумираат два реда чоколада која содржи 70 % какао, имаат подобрена циркулација. Полифенолот кој се наоѓа во темната чоколада ослободува азотни оксиди, кои ја зголемуваат артериската дилатација, го подобруваат протокот на крвта и ја намалуваат агрегацијата на тромбоцитите, што го јакне срцето.

Авокадо

Авокадото е богато со витаминот Б5, кој е важен за адреналинот. Неговата кремаста структура, како и заситените киселини и протеини кои се наоѓаат во него го намалуваат прекумерниот апетит.

Омега-3 масло

Маслото омега-3 може да се најде во морските, животинските и растителни извори и е одлично за срцето. Во исхраната треба да се вклучи ова масло од сите три извори, со цел да се оствари баланс.

Семки од тиква

Овие семки содржат во себе магнзеиум, кој ослободува од стрес и кој е добар за срцето. Содржат и многу протеини и здрави масти, кои помагаат во создавањето на чувство на ситост и губењето на вишокот килограми.

Зелен чај

Една неодамнешна студија покажала дека зелениот чај ја подобрува функцијата на ендотелијалните клетки кои кружат низ крвотокот. Дисфункцијата на овие клетки предизвикува задебелување на ѕидовите на артериите, што доведува до срцеви заболувања.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина