Според традиционалната кинеска медицина, црниот дроб, кој преставува главен орган за детоксикација на организмот, има најдобра функција меѓу 1 и 3 часот наутро. Од таа причина, треба да се обезбедат адекватни услови за претстојната детоксикација во текот на вечерта. Добрата детоксикација води до здрав метаболизам, што за возврат не само што не ги намалува токсините во телото, туку го забрзува согорувањето на мастите кај оние кои сакаат да ја променат сопствената телесна тежина. Поради тоа е задолжително да се пијат следниве напитоци и чаеви пред легнување, со цел да се подобри оваа многу важна функција на телото.

1. Чај од камилица

Овој чај е средно горчлив, поради секвитерепен лактонот, кој му помага на црниот дроб да го започне процесот на детоксикација. Се смета дека камилицата има состојки кои влијаат на нервите, на начин што ги опуштаат, а со самото тоа не подготвуваат за длабок сон. Ова растение има антивоспалителни дејства, кои му помагаат на телото да се избори со исфрлањето на токсините, бидејќи за време на детоксикацијата честопати се присатни воспалителни процеси.

2. Лимонова вода

Овој е еден од напитоците кои се препорачуваат да се консумираат во текот на целиот ден, било да се цеди свеж лимон директно во вода или да се додадат кришки лимон во вода. Навечер, состојките од лимонот ги ,,протеруваат,, токсините од крвта. Најдобро е да се пие топла лимонова вода, бидејќи студените пијалоци предизвикуваат шок во организмот и ја користат топлината од дигестивниот систем за да се загрејат.

3. Чичимак

Ова е кинеско растение кое помага да се исчисти крвта во црниот дроб и да се согоруваат мастите. Исто така помага и за смирување на нервниот систем, па е одлично за подготвување на телото за квалитетен и мирен сон.

4. Семки од лотос

Лотосот е уште едно традиционално растение во кинеската медицина, од чие семе се прави одличен чај. Лотосот е одличен за отстранување на стресот, анкциозност, а со самото тоа и за добар сон.

5. Чај од рози

Розата е прекрасно растение кое е тесно поврзано со срцето и нашите емоции. Можеби токму поради тоа розата е симбол на љубовта. Розата е корисно растение кое обезбедува добар проток на енергијата од црниот дроб – лошата енергија предизвикува депресија. Отстранувањето на таа енергија и на самата депресивна состојба ќе доведе до добар сон и здрава детоксикација.

6. Чај од нане

Нането е корисно растение со многу важни функции. Посебно е корисно по обилна вечера, бидејќи ги помага процесите на варењето поради големиот број на есенцијални масла – ментол и ментон. Нането спречува натрупување на храна при прејадување, кое исто така влијае врз лошиот сон. Поради тоа што црниот дроб е вклучен во процесот на варењето, нането претставува одличен чај кој му помага во извршувањето на функциите на варењето и детоксикацијата.

7. Овесен чај

Овесот и неговото семе се одличен нутритивен чај. Овој чај содржи големи количини витамини, минерали, па дури и протеини – авенинси, кои се корисни за првата и втората фаза на детоксикацијата на црниот дроб. Овесот е уште едно растение кое делува смирувачки на нервниот систем и кој ги балансира нашите емоции.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина