Јајцата од јапонска препелица се многу лековити. Содржат безброј витамини и минерали, а меѓу нив издвојуваме 0,5 мг. калциум, 2,2 мг. фосфор, 3,8 мг. железо, 3 мг. витаминa A, 0,1 мг. витамин Б1 и 0,8 мг. витамин Б2.

Едно јајце од препелица содржи 74,6 % вода, 13,1% белковини, 11,2 % масти и 1,1% минерали и други ензими. Јајцата од јапонската препелица се употребуваат успешно во лекувањето на многу болести – добри се за лекување на висок крвен притисок, бронхијална астма, мигрена, зголемен холестерол, дијабетес или шеќерна болест, чир на желудникот и на дванаестпалачното црево, последици од срцев инфаркт, анемија и затнување на крвните садови. Им се препорачуваат и на децата во развој и на оние кои имаат слаб апетит или послаба желба за храна. Исто така, им се препорачуваат на оние кои сакаат да закрепнат по некоја болест или операција. Искуствата на многумина кои ги користеле овие јајца во својата исхрана покажуваат дека тие имаат позитивно влијание врз потенцијата кај мажите.

Болести кај кои се препорачуваат лековитите јајца од препелица и нивниот број потребен за една терапија се:

  • 1.080 јајца за: лекување тумор на мозокот; зголемен физички напор на кој е изложен поединецот;
  • 240 јајца за: лекување туберкулоза, лекување последици од срцев удар, поубав тен, лекување гастритис, потешки облици на астма, мигрена, артериосклероза, болести на нервите, анемија, дијабетес, зголемен холестерол, за регенерација на организмот, подобро помнење, закрепнување по болест или по операција
  • 120 јајца за: лекување зголемен крвен притисок, чир на желудникот, подобрување на крвната слика, нередовно варење

Лекувањето со јајца од препелица е многу едноставно. Потребно е да се јадат јајцата живи, односно да се пие нивната содржина. Пациентите кои имаат некоја од горенаведените болести треба, во зависност од видот на болеста, испијат во одреден временски период точно онолку јајца колку што е препишано за болеста која ја имаат, а тој број се движи од 120 јајца до 1.080. Во најголем дел од случаите терапијата трае околу 49 дена. Деца постари од 10 години и возрасни треба да земаат по 3 јајца во првите 3 дена, а по 5 јајца до крајот на терапијата.

  • Деца до 3 годишна старост земаат по 2 јајца дневно
  • деца од 3 до 5 години – земаат по 3 јајца дневно
  • Деца до 5 до 10 години земаат по 4 јајца дневно

Јајцата се земаат сирови. Дозата за цел ден се зема одеднаш секое утро, половина час пред јадење, односно половина час пред појадокот, и тоа на празен желудник.

Ако лекувањето по успешно спроведената прва терапија не е доволно ефикасно, тогаш се препорачува да се повтори истата терапија уште еднаш. Таа може да се спроведува најмногу до два пати годишно. Исто така, многу е важно за време на терапијата болниот да не консумира алкохол. Во случај на проблеми со жолчката и можни алергии на белковини, потребна е консултација со доктор.

Модерната медицина ја потврдува лековитоста на јајцата од препелица, која е позната веќе со години. Најголемо внимание на тоа придаваат САД, Германија, Јапонија, Италија и Русија. Овие јајца се диетална храна која содржи во себе биолошки активни материи. Овие јајца се богати со многу витамини, минерали и есенцијални масни киселини. Во себе содржат пет пати повеќе фосфор, осум пати повеже железо, шест пати повеќе витамини Б1 и 15 пати повеќе витамин Б2 од јајцата од кокошките.с

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина