Иако шеќерот е многу лош за организмот и неговото користење треба да се сведе на минимум, стручњаците сепак за нега и убавина на косата советуваат користење на шеќер во хигиената. Имено, дерматолозите истакнуваат дека додавањето на малку шеќер во шампонот е најдобриот трик за убавина, но и за здравје на косата. Се што е потребно е да ставите една лажичка шеќер во шампонот кој го користите. Тоа ќе и даде на косата нежен пилинг. На тој начин ќе се остранат мртвите клетки од косата и нечистотиите. Не само што ја отстранува мрснотијата, туку шеќерот му овозможува на регенераторот подобро да помине низ косата, па така таа ќе стане помека и хидрирана.
Исто така, косата несметено расте кога се чисти со оваа смеса.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина