Консумирањето на домати и јаболки би можело да помогне во закрепнување на белите дробови на поранешните пушачи. Истражувањата покажале дека возрасните кои јадат по два домати и повеќе од три порции јаболки дневно имаат побавен пад на фунциите на белите дробови во споредба со оние кои ретко ги консумирале овие намирници. Меѓутоа, позитивно дејство предизвикува само свежите зеленчуци и овошја, што значи дека конзервираните и обработени видови го немаат посакуваниот ефект. Во рамките на студијата во школата ,,Џон Хопкинс Блумберг,, од 2012 година, било проценувано влијанието на исхраната врз функцијата на белите дробови кај повеќе од 650 возрасни, а потоа истите тие тестови биле повторени на истата група испитаници 10 години подоцна.

 

Учесници од Германија, Норвешка и Велика Британија потполнувале анкети за својата исхрана и вкупниот внос на хранливи материи, а биле испитувани на спирометрија – постапка со која се мери капацитетот на белите дробови за земање кислород. Притоа во предвид биле земани староста на испитаникот, неговата висина, пол, индексот н телесна маса, општествено-економскиот статус и физичката активност. Резултатите, кои биле објавени во “European Respiratory Journal”, покажале дека поврзаноста помеѓу исхраната и функцијата на белите дробови е уште поголема кај поранешните пушачи. Утврдено било дека хранливите материи кои ги има во доматите и во овошјето, посебно во јаболките, помагаат во закрепнување на оштетувањата на белите дробови предизвикано од пушењето.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина