МЕДИТЕРАНСКА ДИЕТА

Оваа диета уште ја нарекуваат и кралица меѓу диетите. Таа е еден од најздравите облици на исхрана кои, покрај тоа што влијаат на зачувување на здравјето, помагаат и за здраво и ефикасно губење на вишокот килограми. Медитеранската диета изобилува со свежо овошје и зеленчук кои, според препораките, се консумираат по пет порции на ден. Намирници специфични за медитеранската исхрана се: риба и морски плодови, маслиново масло (како замена за заситените масти), зелениот лисјест зеленчук (блитва и спанаќ), а од овошјата тука се грозјето, дињата и калинката. Кај оваа диета многу е важен начинот на подготовка на храната. Рибата честопати многу кратко се пече на скара, се подготвуваат и рибји чорби и многу ретко се користи пржење. Зеленчукот се јаде сварен, со додаток на маслиново масло. Рибата треба да биде најмалку три пати во неделата застапена на менито.

 

mediteranska-dieta

 

DASH ДИЕТА

Од нутрционистичка гледна точка, оваа диета е многу квалитетна и ги обезбедува сите потребни хранливи материи. Првично осмислена за оние кои патат од висок крвен притисок, се има покажано и како успешна за симнувањето на вишокот килограми. Основната идеја на оваа диета е да се ограничи внесувањето на заситени масни киселини и сол. Од менито се исфрлаат месото и масните производи (како млекото и млечните производи со висок процент на масти), а се внесуваат морски плодови и месо од живина, кое се ограничува на три порции неделно. Менито се базира на житарки и мешунки, а голем акцент им се става и на свежото овошје и зеленчук, кои дневно треба да се внесуваат од по 8 – 10 порции.
Дозволени се и слатки во вид на компоти, пудинзи и овошни јогурти со помала масленост. Се состои од три главни оброци, додека меѓуоброците се дозволени кога ќе се почувствува силно чувство на глад. Тогаш може да се изеде некое овошје, јаткасти плодови или интегрален бисквит. Внесувањето на сол треба да биде ограничено на максимум половина до една лажичка дневно.

ДИЕТА НА КЛИНИКАТА МЕЈО

Оваа е прва службена диета осмислена од стручен тим од познатата клиника Мејо од Минесота, САД. Се работи за пирамида на правилна исхрана, во кој акцент е ставен на видот на намирниците, а не на нивната количина. На дното од пирамидата се овошјето и зеленчукот, кои треба да се јадат во големи количини. По нив следат житарките, кои се препорачуваат од 4 – 8 оброци во текот на денот. Како извор на протеини се препорачуваат месото, рибата и млечните производи, во количини од 3 – 7 оброци во денот. На врвот од пирамидата, застапени во најмала мера, се слатките и мастите.

 

mejo-dieta

TLC ДИЕТА

Оваа диета е на врвот од листата најдобри диети поради поволното делување врз здравјето на срцето и крвните садови, ефикасноста при слабеењето и едноставноста за држење. Ја има осмислено Државниот завод за здравје на САД, кој препорачува внесувањето на заситени масти да биде 7% од вкупното енергетско консумирање, а на мастите од 25 – 35 %. Внесувањето на натриум не треба да надминува 2400 мг. дневно. Не се препорачува воопшто никакво гладување, туку да се консумира адекватна количина на енергија во калории поради одржување на телесната маса и нивото на холестерол.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина