Причина за недостиг на одредени витамини може да биде нездравата исхрана или исхраната на која и недостигаат некои состојки. Најчесто јадеме премалку овошје и зеленчук. Според симптомите може да се одреди витаминот кој недостасува

ВИТАМИН А

Знаци за недостиг: груба, сува, надразнета кожа со мозолки, брчки на кожата, претерано стареење, зголемени пори, потење, првут, испукани нокти, послаб вид навечер и воспалени очи

Каде има најмногу витамин А: Темнозелен и портокалов зеленчук, пченка, соја, леќа, мисо, црн дроб, ракови, јајца, рибино масло, путер, млеко со нормален процент на маснотии

 

ВИТАМИН Б1 (ТИАМИН)

Знаци за недостиг: слабо варење, замор, стрес, алкохолизам, претерано стареење

Каде има најмногу витамин Б1: житарки од цело зрно, зелен зеленчук, пивски квасец, мешунки

 

ВИТАМИН Б2

Знаци за недостиг: брчки околу усните, масна „T“ зона (чело, нос и под устата), „Крвавиочи (иритирани), губење на косата и прерано стареење

Каде има најмногу витамин Б2: пченка, соја, житарки од цело зрно, бадеми, мешунки, пченица, авокадо, ореви, темнозелен зеленчук, нори и вакаме алги, пивски квасец

 

ВИТАМИН Б3 (НИАЦИН)

Знаци за недостиг: слаба циркулација, бавен метаболизам на мастите и јагленохидратите, сувост, воспалителни процеси, замор, лош здив од устата, абнормална кожна пигментација

Каде има најмногу витамин Б3: житарки, јачмен, див ориз, бадеми, кикиритки, сусам, морски плодови, шитаке печурки, темнозелен зеленчук, немасно месо

 

ВИТАМИН Б5

Знаци за недостиг: слабост, замор, несоница, стомачни проблеми, мачнина, повраќање, слаб имунитет

Каде има најмногу витамин Б5: житарки од цело зрно, брокула, зелка, карфиол, мешунки, лосос, сончогледови семки

 

ВИТАМИН Б6

Знаци за недостиг: слабо варење, хормонски дисбаланс, егзема, задржување вода, ПМС, сува или масна кожа, перут, брчки околу усните, слаба коса, прерано стареење, стрии

Каде има најмногу витамин Б6: кафеав ориз, мешунки, моркови, кикиритки, риба, органски одгледано месо, немасно месо, пивски квасец, банани

 

ВИТАМИН Б9 (ФОЛНА КИСЕЛИНА)

Знаци за недостиг: анемија, тенка кожа, сива или кафева кожа, заноктици, губење на косата, коса без сјај, бледило

Каде има најмногу витамин Б9: житарки од цело зрно, зелен зеленчук, пивски квасец, печурки, млеко, лосос, никулци од житарки, соини производи, органски одгледано месо, природно ферментиран зеленчук, јогурт, спирулина, нори алга

 

ВИТАМИН Б12

Знаци за недостиг: прерано стареење, замор, несоница, слаба концентрација и помнење, агресивност

Каде има најмногу витамин Б12: млеко, црн дроб, лосос, школки, природно ферментиран закиселен зеленчук, тамари, непастеризирано мисо, житарки од цело зрно

 

ВИТАМИН Ц

Знаци за недостиг Ц: слаби вени, модринки, брчки, прерано стареење, целулит, слаби корени на косата

Каде има најмногу витамин Ц: аспарагус, зелка, грашок, црвен и зелен пипер, домати, диња, манго, папаја, цитрусно овошје, мунго грав, ананас, риба, јајца, млечни производи

 

ВИТАМИН Д

Знаци за недостиг: слаби заби, коски, коса и нокти

Каде има најмногу витамин Д: сончање (умерено), рибино масло, сува риба, житарки од цело зрно, темнозелен зеленчук, путер, јајца, лосос, харинга, сардини

 

ВИТАМИН E:

Знаци за недостиг: прерано стареење, груба, сува и уморна кожа, слаба тонираност на мускулите, проблеми со вените, лузни

Каде има најмногу витамин E: житарки од цело зрно, темнозелен зеленчук, путер, црн дроб, јајца, органски одгледано месо, семки

 

ВИТАМИН K:

Знаци за недостиг: слаба клеточна енергија, прерано стареење

Каде има најмногу витамин K: јогурт, млеко, јајца, рибино масло

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина