Аминокиселини (BCAA, аргинин, орнитин, лизин…)

Иако производителите на суплементи тврдат дека овој суплемент е неопходен во плакарот на секој сериозен вежбач, до ден денес ваквите тврдења не се докажани на жив човек. Аргининот за кој е познато дека стимулира лачење на големи дози на хормонот на раст и инсулинот, според научните сознанија, треба да се зема во дневна количина од 30 грама. А, пилулите кои се продаваат се 1 грам и се препорачува да се земаат максимум 2 грама дневно. Се преку 10 грама предизвикува проблеми со варењето. Орнитинот ослободува и уште поголеми дози на хормонот за раст, меѓутоа, исто така не е можно да се земе доволна количина преку пилули. Значи, за да се почувствува ефектот на овие две аминокиселини, треба да се земаат интравенозно, што на многумина и не им звучи привлечно.

BCAA (леуцин, изолеуцин, валин)- иако многу продаван суплемент, не покажал некои поважни резултати кај тренирањето со тегови. Сепак доколку мислите дека сеедно ви се потребни, купете добар протеински прав и во него додадере барем 5 и повеќе грама BCAA, за да нема потреба да купувате аминокиселини посебно.

Глутаминот исто така не покажал никакви резултати, иако за него доста се зборува. Исто како и со BCAA, во поквалитетните протеински прашоци додадете и доза глутамин. Најдобро е да го земате заедно со храна.

Сепак, интересно е дека еден нуспродукт од аминокиселината леуцин наречен скратено HMB покажал дека во дози од 3 грама дневно има ефект врз силата. Сеуште е рано за ова да се тврди и треба да се направат уште истражувања за ова да се потврди, но можеби е ова новиот суплемент кој ќе ја зголеми ефикасноста на тренингот.

Карнитин

 

Овој суплемент е многу популарен кај луѓето кои сакаат да ослабат, некои се колнат дека има резултати. Проблемот е што земањето на карнитин за жал, не ја зголемува количината на карнитин во телото. Транспортот на карнитин од крвта во мускулите е многу бавен. Сепак, некои спортисти земаат карнитин заедно со јаглехидрати, за да влијаат на нивото на инсулин во телото, но секако тоа е друга тема.

Она што е важно е дека пилулите карнитин нема позначајно да ви помогнат да ослабнете, а тоа што повеќе ќе се потите немојте да го помешувате со губењето на масти.

 

Кофеин

 

Македонците се секако, меѓу оние кои најмногу консумираат кае во Европа. Голем број од нив го пијат со млеко и шеќер, иако чисто дупло црно кафе може да биде извонреден „подигнувач“ пред тренингот. Важно е да го испиете на празен желудник 30-60 минути пред тренингот и би требало да почувствувате убава промена. Под услов да не сте испиле претходно 5 кафиња во текот на денот како типичните Македонци. Се зависи од тоа колку вашиот организам е навикнат на кофеин.

Иако долго се мислело дека кофеинот, како и карнитинот, директно влијае на оксидацијата на мастите, сега се знае дека има многу малку ефекти врз метаболизмот. Она што се покажало е дека влијае како стимулант на централниот нервен систем. Тоа значи дека стимулот кој го чувствувате потекува од главата, а не од телото.

Ете отприлика вака изгледа листата со најпопуларните суплементи и вистината за нивното делување. Она што е најважно од се и што треба да го запаметите е дека она што е најважно е УМОТ! Верувајте дека причината за тоа суплементите толку добро да се продаваат е тоа што луѓето веруваат дека тое им го даваат оној дополнителен kick кој им недостасува. Познат е случајот за еден познат велосипедист кој го молел својот тренер да му го стави новиот стероид за кој слушнал. Откако тренерот му вбризгал обичен шеќерен раствор, за кој велосипедистот мислел дека е стероид, велосипедистот ја извзел трката на својот живот, тврдејќи дека никогаш во животот немал толкава енергија. Ова е потврда за тоа колку е во се важна психата, доколку мислите дека сте земале нешто што ќе ви ги подобри перформансите, несвесно го кревате својот тренинг на повисоко ниво.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.