Цинкот во обичниот живот е сосема заборавен, освен во случаи кога има некаков проблем со растот на децата и во случај на проблем со машкиот потенцијал. Меѓутоа, сепак, треба да го земе во предвид фактот дека цинкот учествува во работата на 100 ензими вклучувајќи ги оние кои се одговорни за синтезата на ДНК и РНК.

Воопшто не е тешко да се заклучи колку е важен цинкот во организмот на врвните спортисти. Кој знае што се подразбира под поимот ензими во телото, тој нема потреба од дополнително објаснување. Значи, ако не постои цинк, сигурно ќе се појави некој проблем.

Цинкот го регулира растењето на клетките и лекувањето на раните,учествува во синтезата на протеините, помага во плодноста, како и во репродукцијата на клетките, го зголемува имунитетот и штити од слободните радикали. Се разбира, сите горенаведени функции на цинк се научно оценети и за нив постои богата литература.

Како функционира цинкот:

И сега доаѓаме до најинтересниот дел – цинкот и настинките. Со еден експеримент било откриено дека цинкот го крати времетраењето на настинката кај возрасните.

Кај децата, овој ефект не се јавува и тоа никој досега не го објаснил. Во експериментите кои биле успешни, биле користени цинк глуконат и цинк глуконат глицин во облик на пастили за џвакање. Секој пастила содржи 15-25 mg на цинк. Затоа се подразбира што значи сето тоа за милиони луѓе во светот кои имаат настинка.

Сите корисници на цинк таблети или пастили треба да бидат предупредени односно да се види дали содржат лимонска или винска киселина, бидејќи поради нивната интеракција, делувањето на цинкот може да биде блокирано. И уште едно нешто, немојте да ги земате другите соли на цинк бидејќи дејството досега го постигнале само оние кои се наведени.

Постои и проверена техника; цинк пастилите треба да се земаат при првиот знак на болки на грлото или затнат нос, и тоа во доза од 10 таблетки дневно (со шмукање како бонбони). Треба да се земаат во текот на „болеста“ и веднаш штом симптомите ќе престанат треба да престанете да ги земате пастилите.

Цинк служи како одлична помош за лекување на рани ( маст од цинк ), за лекување на машка неплодност, кај полесните повреди, ноќно слепило, инфекции, кај спортистите за време на режимот на силни тренинзи, во хиперплазија на простатата и така натаму.
Каде го има:

Морска храна, а особено школките се богати со цинк, потоа, црвено месо, јајца, тофу (подсирен со цинкови соли), грав и грашок и пченични никулци.

Дозирање и токсичност:

Препорачаната дневна количина (RDA) на цинк е 12-15 мг. Со лесен дефицит на цинк се изложени бремените жени и тинејџерите па тие треба да користат додатоци во исхраната од цинк од 25 до 30 мг. на ден, кој се смета за умерен. Иако спортистите земаат и повеќе од колку што е потребно, сепак се смета дека 15 мг. на ден е доволно.

Количините од 50 мг. на ден, се резервирани за специјални состојби, по препорака на докторот. Треба да се сфати дека износот на внесен цинк во голема мера зависи од навиките за јадење, јасно е дека љубителите на морска храна имаат повеќе цинк за разлика од останатите. Кај зголемените дози до 300 mg дневно, може да се јави нагон за повраќање, болки во стомакот, иритација на устата, а можно е и да се дојде до нарушување на имунитетот. Бидејки цинкот ја блокира апсорпцијата на бакар, не се препорачува за долготрајна употреба. Спротивно на претходните истражувања дека цинкот не е добар за Алцхајмеровата болест, сепак се утврдени подобрувања со неговата употреба.